Програма за претприемачи - Битов
➢ ПРОГРАМИ И ОБУКИ (13.09.2022, во 16:36:08)
👁 Прочитано: 320




Програма за претприемачи - Битов

Согласно операционализација на соработката помеѓу Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) и Македонија 2025, задоволство ни е да ве известиме дека е отворен повик за Програмата за претприемачи – Битов (Битов/CESO за експертска поддршка на компании).

Програмата за претприемачи - Битов е основана во соработка со CESO (Canadian Executive Service Organization). СЕЅО е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој која го помага развојот на приватниот сектор. Македонија2025 има заедничка мисија со СЕЅО, да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании.

Советниците на СЕЅО, кои се експерти со богати професионални кариери, им помагаат на македонските компании да надминат конкретни предизвици со кои се соочуваат во своето работење и развој.

Македонија2025 обезбедува грант за секоја компанија за користење на експертска поддршка од СЕЅО кој ја покрива тарифата за советникот, како и неговиот превоз до Македонија. На компаниите останува да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот.

Повеќе информации за условите кои треба да ги исполнуваат компаниите, како и за начинот за пријавување може да најдете на следниот https://bit.ly/3qhYHPD

 

Служба за информирање при Комората