АЗЕСКИ – МИЦКОСКИ: ВРЕМЕ Е ЗА НОВ ЕКОНОМСКИ ДОГОВОР ЗА ИДНИНАТА НА ДРЖАВАТА
➢ Актуелно (12.09.2022, во 16:02:09)
👁 Прочитано: 1527




АЗЕСКИ – МИЦКОСКИ: ВРЕМЕ Е ЗА НОВ ЕКОНОМСКИ ДОГОВОР ЗА ИДНИНАТА НА ДРЖАВАТАКликни за повеќе

На работниот состанок што се одржа во Стопанската комора на Северна Македонија на претседателот Бранко Азески и престедарелот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на кој присуствуваа бизнисмени, дел од раководната структура на Комора и дел од економскиот тим на партија со градоначалниците од неколку општини се разговараше за актуелната енергетска криза која го погодува стопанството и која се одразува врз вкупната економска состојба во државата како и за постапките за поставување на фотоволтаици а за кои надлежност има локалната самоуправа.

По презентирање на тековните состојби во бизнис секторот и во компаниите предизвикани од континуираниот раст на цената на струјата но и на останатите енергенси од страна на претседателот Азески, претставниците на ВМРО ДПМНЕ и претседателот Мицкоски констатираа дека е време за обединување и голем договор значаен за иднината на државата. Двете страни констатираа дека соработката треба да продолжи на сите нивоа во државата во интерес на економскиот опстанок.  

Претседателот на Стопанската комора Азески по средбата изјави дека во Комората се третираат сите прашања кои се од значење за бизнисот но во моментов енергетската криза е проблем број еден за секоја компании. Состојбата е неизвесна дотолку повеќе што сите најави се дека оваа криза ќе трае подолго време и за тоа треба да се подготви целокупното стопанство но и системот на функционирање во државата. Информираше и дека ставовите за економските проблеми на најголемата бизнис заедница, се потврдени и од  опозициската ВМРО, односно се во иста насока и тоа треба да продолжи, да се зголеми и да се интензивира во рамките на можностите.

И двете страни се согласни дека проблемот со енергенсите не во тоа дали ќе има струја и други видови енергија, туку дали ние ќе имаме доволно пари да купиме.

Мицкоски и економскиот тим претставници присутни на состанокот, укажаа дека од исклучителна важност е стопанството да генерира приходи, односно да го полни буџетот. Затоа од исклчучителна важност е фокусот да биде кон економијата и бинисот, бидејќи компаниите се тие каде работат повеќе од 680.000 во приватниот сектор и кои придонесуваат на приходната страна во буџетот.

Стопанската комора подолг период алармира и укажува на економските последици кои може да се случат во земјата поради ненавремено обезбедување на енергенси во услови на огромна увозна зависност.

Служба за информирање при Комората