Мб Хоме - Мокош, компанија членка на Стопанската комора на Северна Македонија изработи нов производ - модерен дом на тркала „БЕРТА“, биоразградлив, самоодржлив, камперски.
Станува збор за мала подвижна куќа која ги задоволува основните животни потреби на секојдневието, наменета за патувања и за љубители на камперскиот дух.
„БЕРТА“ претставува еколошка градба со висок коефициент на енергетска ефикаснот, а како извор на енергија се користи сончевата енергија преку поставениот фотоволтаик.