ЕДНА СЛИКА ИЛЈАДА ЗБОРОВИ 100 ГОДИНИ КОМОРА
➢ Актуелно (19.07.2022, во 10:10:43)
👁 Прочитано: 602




100 ГОДИНИ КОМОРА

 

1. 
Одбележавме 100 години Стопанска комора. Скромно, а сепак достојно. Во свечен амбиент со медиумите. Им испративме порака кон што ќе целиме наредните 100 години. Развој преку извоз и поддршка за компаниите кои создаваат додадена вредност.  


Оставаме делата зборуваат за нас... 

2. 
М-р Антонета Манова-Ставреска беше задолжена за организацијата на прекрасниот цветен аранжман на денот на одбележувањето на 100-годишнината. 

3.
Во рамките на одбележувањето 100 години Комора, одржавме и седница на највисокиот орган на Комората – Собранието. Членовите ја усвоија Декларацијата за општествен консензус, економски реформи, политики и мерки, како единствен излез од мултикризата.

4. 

Искрени честитки од Ламбро Патче, член на УО на Стопанската комора, менаџер во „Пивара“ – Скопје.  И писмена честитка од потпретседателката на Комората, д-р Драгана Чифлиганец, која го поздрави усвојувањето на Декларацијата. 

5.
На денот на одбележувањето на 100-годишнината ја промовиравме и Монографијата „100 години искуство“ за лицата и за настаните кои ги одбележаа последните 25 години од последната издадена Монографија по повод 75 години Комора. Благодарност до моите соработнички м-р Елена Милевска-Штрбевска и м-р Наташа Јаневска.

6. 
И додека со дел од тимот во Комората ги подготвував Монографијата и Декларацијата за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки, други тимови, паралелно, работеа на следење на актуелните проблеми што го мачат бизнисот. Група од 10 лица од Стручната служба секој ден ротира со присуство на најфреквентниот граничен премин „Табановце“, со цел спроведување на Проектот „Следење на протокот на стоки на граничниот премин ’Табановце’“. Таму ќе бидат до 31 август за да ги согледаат потенцијалните проблеми во соработката со надлежните органи, по што ќе следуваат и соодветна анализа на состојбите и предлози од Стопанската комора за подобрување на состојбите во делот на олеснувањето на протокот на стоки на граничниот премин.

7. 
Трет тим во Комората работеше на воспоставување нова услуга за компаниите. Создадовме сертификатни марки „Македонски екстра квалитет“ и „Традиционален македонски квалитет“, како одговор на барањата на нашите компании.


8. 
И, секако, составен дел на секоја коморска репортажа се и прославите. Овојпат организирана од „Комерцијална банка“ АД Скопје по повод изборот на новите членови на Управниот одбор на Банката, Билјана Максимовска и Никола Џамбазовски. Во Винаријата „Камник“ со Хари Костов и со Илија Гечев, и двајцата дел од Клубот 100 на Комората, наздравувам и им посакувам успех. 

Служба за информирање при Комората