Оперативниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија, Билјана Пеева-Ѓуриќ, оствари работна средба со амбасадорот на Аргентинската Република во нашата земја, со седиште во Софија, Н.Е. Алфредо Нестор Атанасоф.
Амбасадорот Атанасоф изрази голема благодарност за приемот и воедно изрази интерес во иднина ваквиот тип на средби да станат редовна пракса и на ниво на претставници од бизнис заедниците од двете земји. Тој додаде дека Република Аргентина е четврт најголем извозник на месо и трет најголем извозник на житни култури во светот.
Целта на посетата беше унапредување и интензивирање на економската соработка во секторите кои се од заеднички интерес особено прехранбената индустрија. Дополнително, беше даден предлог да се одржи и он-лајн презентација на потенцијалите и можностите за соработка со компаниите, како и нивно информирање за царинските постапки и процедури при увоз на производи во Р. Аргентина.
Вкупната надворешно-трговска размена на Република Северна Македонија со Аргентинската Република во периодот јануари-март 2022 година достигна вредност од 5,5 милиони САД $, што претставува раст од 1,19% во однос на истиот период од претходната 2021 година.