ЈАВЕН ПОВИК - ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ПРИСТАП ДО ФОНДОВИТЕ НА ЕУ
➢ Актуелно (28.06.2022, во 14:50:50)
👁 Прочитано: 505




ЈАВЕН ПОВИК - ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ПРИСТАП ДО ФОНДОВИТЕ НА ЕУ

Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (КИФ ЗБ6), ве поканува да аплицирате и да учествувате во програмата за поддршка и обезбедување техничка помош за малите и средни претпријатија при аплицирање за фондови на ЕУ. Оваа активност ја спроведува Стопанската комора на Северна Македонија во рамки на проектот за Поддршка на Европската Унија на националните комори од Западен Балкан и е целосно финансирана од ЕУ. Повеќе информации за ЗБ6 Коморскиот инвестициски форум и други алатки за поддршка на микро, мали и средни претпријатија (ММСП) можете да најдете на нашата веб-страница: www.wb6cif.eu.

Јавниот повик за Програмата за поддршка на малите и средни претпријатија при аплицирање за пристап до фондовите на Европската Унија предвидува учество на 60 ММСП од Западен Балкан, од кои 10 се за компании од Република Северна Македонија.

Ве покануваме да се пријавите на нашата платформа која е специјално дизајнирана за спроведување на оваа активност и избор на потенцијални учесници во програмата. Може да се пријавите на следниот ЛИНК.

Платформата ќе служи како клучна точка за контакт, центар за помош и центар за знаење за потенцијалните ученици. Платформата ќе се користи за да се оцени подготвеноста на ММСП да учествуваат во оваа програма и да се обучуваат за сите аспекти на учество.

Повеќето повици за предлози достапни во регионот на Западен Балкан финансирани од ЕУ, имаат слична (универзална) процедура. Нашиот курс и тест за проценка на подготвеноста е дизајниран да им помогнат на потенцијалните кандидати да ја разберат оваа универзална процедура преку општ пример на повик за предлози. По успешното завршување на курсот, нашиот тим ќе ве контактира и ќе закаже онлајн интервју каде ќе разговараме за вашата идеја и моментално отворените повици на кои можете да аплицирате. По завршувањето на процесот на селекција, 10-те избрани ММСП ќе добијат индивидуална поддршка во писмена форма и во процесот на поднесување апликација за соодветниот јавен повик.

Повеќе информации за процедурата за аплицирање и тестот за проценка на подготвеноста на компанијата може да најдете на онлајн платформата.

За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме контактирајте со м-р Сања Николова на следната е-адреса: sanja@mchamber.mk или на тел: +389 2 3244091, моб: 071 230 452.

Служба за информирање при Комората