Стопанската комора на Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика на РСМ и ЕВН Македонија АД Скопје како општествено одговорна компанија организираат заедничка работилница на тема: “ФЛЕКСИБИЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ ЗА ПОКВАЛИТЕТНО ИНТЕГРИРАЊЕ НА ПРИВАТНИОТ И ПРОФЕСИОНАЛНИОТ ЖИВОТ -ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА И ПРЕДИЗВИЦИ-“. На работилницата, со членките на Комората, ќе бидат споделени искуствата на ЕВН од последниве 7 години кои се позитивен пример кој можат да го следат и другите заинтересирани компании со цел да овозможат подобар баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот на своите вработени, преку воведување на флексибилното работно време.
Интервјуто на Анета Петровска-Русомароски, раководител на оддел човечки ресурси и организација во ЕВН Македонија дадено за "Економија и бизнис" во пресрет на организација на овој настан можете да го прочитате на следниот линк.
Покана и Агенда.pdf за настанот кој ќе се одржи на 30 јуни (четврток) 2022 година во 12.00 часот во Стопанската комора на Северна Македонија.