ВЛАДАТА ПОВТОРНО ЈА ЗАМРЗНА МАРЖАТА НА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ДО 30 СЕПТЕМВРИ
➢ Актуелно (14.06.2022, во 14:09:18)
👁 Прочитано: 1677




ВЛАДАТА ПОВТОРНО ЈА ЗАМРЗНА МАРЖАТА НА ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ДО 30 СЕПТЕМВРИКликни за повеќе

 

 

Владата на денешната седница повторно донесе одлука за замрзнување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо. Согласно новата одлука, почнувајќи од утре (15.06.2022 година) до 30 септември, маржата за бел леб, шеќер и сончогледово масло ќе биде 5 отсто во трговијата на големо и на мало. За јајца, брашно, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз и млеко маржата од утре ќе биде 10 отсто.

Дополнително на тоа како важна одлука во делот на формирање на цени е тоа што до крајот на годината нема да се пресметуваат никакви дополнителни трошоци и нема да се одобрува рабат ни надоместоци на секој трговец.

Од министерството за економија велат дека ваквата одлука се носи откако трговците ги зголемија цените на производите и најавија ако се констатира нагло зголемување и кај други производи, ќе се зголеми листата на производи со замрзната маржа.

Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување