Одржан вториот Меѓународен инвестициски форум во Русе, Бугарија, во рамки на проектот „Газели“
➢ Актуелно (18.05.2022, во 14:37:44)
👁 Прочитано: 477




Одржан вториот Меѓународен инвестициски форум во Русе, Бугарија, во рамки на проектот „Газели“

Во организација на Трговско-индустриската комора од Русе со партнерските организации од Северна Македонија, Грција и Кипар, а во рамки на проектот „Газели“ - „Организирање на забрзан раст за потенцијалните иновативни мали и средни претпријатија (МСП)“, се одржа вториот Меѓународен инвестициски форум во Дунав Плаза Хотелот во Русе, Бугарија (18 мај 2022 година). Проектот е наменет за иновативни компании кои се карактеризираат со брзо темпо за раст, што значително придонесува кон креирање на нови работни места.

На форумот свое обраќање имаа претставниците од партнерските организации, г-дин Милан Добрев, извршен директор на Трговско-индустриската комора од Русе, г-ѓа Елени Фоти, лидер на конзорциумот на проектот „Газели“, и директор за меѓународни односи од Атинската стопанска и индустриска комора; г-дин Димитрис Каридис, виш советник во Агенцијата за промоција на инвестиции и трговија, Ентерпрајз Грција; г-дин Искрен Крустеф, претседател на Инкреда асоцијацијата, надлежна за акцелераторската програма во Бугарија; г-ѓа Стела Дионосиева од Одделот за меѓународни проекти при Трговско-индустриската Комора во Русе.

На форумот се претставија 17 мали и средни компании од четирите земји учеснички во проектот, од Северна Македонија, Бугарија, Грција и Кипар во рамки на програмата „БАЛКАН МЕД“. Тие пред потенцијалните инвеститори, бизнис ангели, универзитети и истражувачки центри ги презентираа своите активности со цел остварување на контакти и вмрежување, со што би се создале услови да растат на домашните, регионалните и меѓународните пазари и да се вклучат во идни иновативни процеси. Македонските компании (Elevate-global, PiKCELL Group и Robotika.ai) успешно се презентираа на Форумот и побудија интерес од страна на странските Бизнис Ангели со дополнителни прашања.

Во изминатиот период беа реализирани и активности за зајакнување на капацитетите на Коморите, за да се подобри соработката на засегнатите страни при креирање на постојана политика за иновации и за економски развој, која ќе генерира синергии на транснационално ниво.

Водечки партнер на Проектот „Газели“ е Атинската стопанска и индустриска комора (ACCI), во партнерство со Стопанската комора на Северна Македонија, со Националниот Универзитет во Атина за грантови и истражувања, со Ентерпрајз Грција, со Кипарскиот универзитет за технологија и со Трговско-индустриската Комора од Русе.

Досега беше организиран и Meѓународен инвестициски форум во Скопје во организација на Стопанската комора на Северна Македонија (13 април 2022 година), а предвидени се уште два дополнителни форуми, во Атина на (23 јуни 2022 година) и во Никозија (втора половина на септември 2022 година) пред завршувањето на проектот. Крајниот резултат на проектот треба да биде воспоставување на балканска мрежа за поддршка на иновативните брзорастечки компании.

Партнерите вклучени во овој проект ќе ги промовираат и поддржат мерките во рамките на Балканската мрежа на бизнис ангели меѓу земјите-учеснички и регионите, со тоа што ќе ги оценуваат постоечките политики во областа БАЛКАН МЕД програмата во врска со поддршката на иновативните МСП.

 

м-р Катерина Какашева-Азески
Асистент во организационата целина за претставување на членките и вмрежување