Постојаниот избран суд – Арбитража оствари средба со студентите при Универзитетот на Југоисточна Европа и Меѓународниот балкански универзитет
➢ Актуелно (13.05.2022, во 15:52:23)
👁 Прочитано: 335




Постојаниот избран суд – Арбитража оствари средба со студентите при Универзитетот на Југоисточна Европа и Меѓународниот балкански универзитет

Постојаниот избран суд – Арбитража (ПИСА) оствари средба со студентите од правните факултети при Универзитетот на Југоисточна Европа и Меѓународниот балкански универзитет, во придружба на доцент д-р Весна Трајановска, доцент д-р Фјола Капроли Исмаили и асистентот м-р Ентони Миска. На оваа средба, претседателката д-р Елена Милевска Штрбевска и генералниот секретар м-р Валерија Крстева, имаа кратка презентација за арбитражното решавање на споровите во ПИСА.
Претседателката Милевска Штрбевска истакна дека динамичното работење на компаниите неизбежно бара стратешко размислување во делот на управување со правните ризици и начинот на решавање на евентуалните спорови. Посочи дека од спроведените анализи, во најголем број од споровите, арбитражата се договара од страна на поголемите компании кои се извозно ориентирани и по предлог или препорака на нивните деловни партнери од странство. 
М-р Валерија Крстева објасни кога може да се решаваат споровите пред Постојаниот избран суд – Арбитража и кои се најчестите арбитажни патолошки клаузули кои се среќаваат во практиката. Во нејзиното излагање истакна дека просечното времетраење на арбитражните постапки пред ПИСА е шест месеци и околу 60% од предметите, заклучно до 2021 година, се воделе меѓу домашните компании, а најчестиот правен основ е долг и надомест на штета.
Во рамки на оваа средба, присутните имаа можност да ја посетат судницата на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Северна Македонија.
 

Служба за информирање при Комората