Тргнувајќи од постулатот дека човечкиот капитал игра клучна улога во креирањето и одржувањето на врвните остварувања на организацијата, Стопанската комора на Северна Македонија континиурано создава услови со кои им овозможува на вработените развој на личните и организациските вештини, знаења и способности.
Во таа насока, за успешна реализација на еден од главните приоритети на кој работи -обезбедување квалитетно образование по мерка на бизнисот и вклучување на бизнис зедницата во процесите и креирањето на образовните политики, Комората, со поддршка на проектот “Образование за вработување“, ја организираше првата обуката за јакнење на капацитетите од областа на образованието и квалификацискиот систем во нашата земја, со цел унапредување на знаењата на вработените во Комората за постоечкиот систем на квалификации и обезбедување квалификации според потребите на пазарот на труд и барањата на реалниот сектор.
Целна група на обуката беа координатори на здруженијата во рамките на Комората и вработените во регионалните комори во Битола, Прилеп, Штип, Кичево, Струмица и Кавадарци.
На обуката, учесниците се запознаа со законската поставеност на Националната рамка на квалификации (НРК) и нејзиното место во севкупната политика за образовни реформи.
Во првиот дел од обуката пред учесниците беше презентирана структурата на Националната рамка на квалификации која опфаќа: нивоа и поднивоа на НРК; описи на нивоата; резултати од учење (образование/вработување); обем на квалификацијата и видови кредити; типови на квалификации; сектори на квалификации и јавниот документ што се добива за стекнатата квалификација.
Во вториот дел од обуката беа претставени телата во квалификацискиот систем и нивната улога (Секторските комисии и Одборот за Национална рамка на квалификации).
Обуката беше интерактивна и сите учесници имаа можност да ги искажат своите ставови и видувања, а предавач на обуката беше Борчо Алексов, раководител во Министерство за образование и наука.