Потенцијал за зголемување на економската соработка помеѓу македонските и унгарските компании
➢ Актуелно (28.04.2022, во 16:11:20)
👁 Прочитано: 494




Потенцијал за зголемување на економската соработка помеѓу македонските и унгарските компании

 

Делегација предводена од г-дин Дејвид Бенчик, заменик државен секретар за меѓународни односи во Министерството за земјоделие на Унгарија денес имаше работна средба во Стопанската комора на Северна Македонија. Цел на состанокот беше презентација на македонските потенцијали во земјоделието и преработувачката индустрија, претставување на македонски компании од овој сектор, како и Б2Б средби помеѓу македонски и унгарски компании.

Г-дин Антони Пешев, извршен директор на Комората ги претстави економските услови и состојби за работење во Македонија, потенцијалите на земјоделскиот сектор и преработувачката индустрија, како и во кои сегменти и економски политики е потребно унапредување со цел развој на овој сектор. Претседателот на Здружението за земјоделство и прехрамбена индустрија, г-дин Ѓорѓи Петрушев и претседателите на групациите во рамки на ова здружение ги презентираа состојбите во млечната индустрија, свињарство, производството на месо и преработки од месо, мелничко пекарската индустрија и производството на вино.

На средбата беше истакнато дека македонските производи се квалитетни, но недостасува цертификација на квалитетот, консолидација на производството, know – how за зголемување на обемот на производство и подобро искористување на капацитетите и примена на помодерни техничко технолошки достигнувања во земјоделието.

Претсавниците од унгарската делегација истакнаа дека се заинтересирани за зголемување на надворешно – трговската размена и инвестиции во оваа област. Воедно, понудија и соработка со научно – истражувачки центри од Унгарија со цел модернизација на земјоделското производство и примена на нови технологии за надминување на консеквенците од климатските промени. И двете страни оценија дека постои голем потенцијал и желба за соработка, која во следниот период преку конкретни активности треба да се операционализира.

На состанокот својот производен асортиман го презентираа и македонските и унгарските компании како основа за идна соработка.

Унгарија е во топ 10 трговски партнери на Северна Македонија. Во 2021 година имаме суфицит во размената со Унгарија. Учеството на извозот кон Унгарија во вкупиот македонски извоз расте од година во година. Со 74,1% учество, машините и траснпортните уреди се најизвезувани македонски производи во Унгарија, што се должи на поврзаноста на македонските компани во европскиот синџир на добавувачи на големите составувачи на автомобили. Во Унгарија се фабриките на Сузуки, Ауди, Мерцедес, Опел, итн. Со 53,6% учеството, најувезувани категории се производите класирана според материјалот и со 20,2% машини и транспортни уреди.

 

м-р Антонета Манова Ставреска
Експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба