РЕГИОНАЛНИ БИЗНИС АКТИВНОСТИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ РАБОТНА СРЕДБА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УНИЈАТА НА ТУРСКИТЕ КОМОРИ И СТОКОВИ БЕРЗИ (ТОББ) ХИСАРЧИКЛИОГЛУ
➢ Актуелно (19.04.2022, во 09:38:39)
👁 Прочитано: 604




РАБОТНА СРЕДБА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УНИЈАТА НА ТУРСКИТЕ КОМОРИ И СТОКОВИ БЕРЗИ (ТОББ) ХИСАРЧИКЛИОГЛУ

Претседателот на СКСМ Бранко Азески во улога и на ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум – КИФ на работна средба со претседателот на Унијата на турските комори и стокови берзи (ТОББ) Рифад Хисарчиклиоглу, на која ќе разговара за идните активности на КИФ и соработката со ТОББ.

На средбата ќе бидат разменети мислења за состојбите со кои се соочува економијата во глобални рамки по здравствената и економската криза на која се надоврза и енергетската, главно предизвикана од руско украинскиот конфликт, што во целост наметна мулти кризна состојба во светот.

Азески и Хисарчиклиоглу ќе разговараат и за можноста вработени од Стопанската комора на Северна Македонија да ги завршат докторските студии на престижниот Универзитет за економија и технологија ТОББ ЕТУ во Анкара, а еден дел да заминат на стручно усовршување во одделот за меѓународна соработка и извоз. Работната средба претседателот Азески ќе ја искористи и за официјализирање на користењето на турското претставништво во Брисел за потребите на СКСМ.

Во рамки на посетата на Турција планирани се средби и со претседателот на турско-македонскиот деловен совет при ДЕИК Билал Кара и група бизнисмени.

Регионалната деловна активност на претседателот Азески и ко-претседател на КИФ започна вчера со работен ручек со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, на која се разговараше за клучните прашања поврзани со регионалната економска соработка, и перспективите за продолжувањето на процесот на воспоставувањето на заедничкиот регионален пазар на Западен Балкан, кој во изминатата година не се реализираше со посакуваната динамика. Средбите се во пресрет и на состанокот на Бизнис платформата Западен Балкан-ЕУ (основана со цел да обезби континуиран и структуриран дијалог меѓу носителите на одлуки на ЕУ и бизнис заедницата од регионот), кој Коморскиот инвестициски форум го организира следната недела во Брисел, во присуство на комесарот Вархеји и различните директорати во Европската комисија, претставници на Регионалниот совет за соработка – (РСС), ЦЕФТА Секретаријат, Транспортната заедница и Еурочембрес. На состанокот ќе се дискутира за клучните очекувања и барања на бизнис заедницата од регионот, по една ипол година од спроведувањето на Акцискиот план за заеднички регионален пазар.

Вчерашната средба на Азески во Црна Гора освен 15-тина домашни медиуми ја пренесоа и црногорските медиуми „Антена М“, порталот „Побједа“ и „ЦРМ“.

Служба за информирање при Комората