Веќе подолг период, значително е подигната свеста за важноста на човечките ресурси, како и вклучувањено на бизнис заедницата во образованието, преку овозможување на практична настава на учениците од средното образование. Голем дел од реалниот сектор во Република Северна Македонија го препознаа овој факт и склучија меморандуми за соработка со средните стручни училишта и на учениците им се овозможи практичниот дел од наставата да го реализираат во компаниите. Од друга страна на компаниите им се овозможи преку Стопанската комора на Северна Макеодонија да обучат стручно лице - ментор кој ќе ги води учениците низ целиот процес во компанијта и да се верифицираат како компанијата за изведување на практична настава.
Една од компаниите, активна членка на Комората, која се вклучи во овој процес е Рудник Саса ДООЕЛ Македонска Каменица, која континуирано вложува и придонесува за подобрување на квалитетот на стручното образование и има потпишан меморандум за соработка со СОУ„МИЛЕ ЈАНЕВСКИ ЏИНГАР“ МАКЕДОНСКA КАМЕНИЦА, а на пракса доаѓаат учениците кои се запишани на струките: геолошко, рударска, металуршка и машинска.
САСА е најголемиот рудник со подземна експлоатација во Република Северна Македонија. Тоа е рудник за олово и цинк што се наоѓа во северо-источниот дел на земјата, на само 12 километри северно од Македонска Каменица.
Почнувајќи од 1966-та година САСА е срцето на заедницата и обезбедува вработување за за голем дел од локалното население и помага при обезбедување на средства за финансирање на локални проекти и иницијативи.
Од 2017 година, Рудник Саса е во сопственост на интернационалната компанија Централ Азија Металс. Сопствениците на Рудник Саса се долгорочни инвеститори кои веруваат дека сите треба да имаат бенефит од успесите на рудникот. Централ Азија Металс исто така има погон за бакар во Казахстан.
САСА е свесна за својата одговорност и постојано им пружа поддршка на локалните заедници, а истовремено е горда на позитивното влијание што го има врз развојот на заедницата.
Преку нивните инвестиции, особено за децата од заедницата, создаваат поголеми можности во областа на образованието, спортот и културните активности.
Практикантите, кои воедно се и нивни потенцијални вработени, при практичната обука ги имаат на располагање сите нивни капацитети, соодветни простории, опрема, како и стручно обучен кадар кој непречено се грижи за нивната практична обука како дел од наставната програма. Практичната работа во компанијата им овозможува на средошколците стекнување со вредно знаење за процесите на еден огромен рударски комплекс, каде што се застапени речиси сите видови на технички и технолошки процеси, со примена на современи методи и богато искуство на постоечкиот персонал, на тој начин подготвувајќи ги за нивниот иден работен ангажман.
