На 15 март 2022 година во Струмица и Валандово, се одржа дијалогот за унапредување на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“ на кој покрај Стопанската комора на Северна Македонија учествуваа во својство на говорници, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, директорот на Центарот за стручно образование, Шериф Мифтари, градоначалниците на општина Струмица, Костадин Костадинов и на општина Валандово, Перо Костадинов, а гости беа преставници на бизнис секторот и средните стручни училишта, сите со единствена цел креирање на уписната политика за учебната 2022-2023 година и унапредување на средното стручно образование. Останува уште да се посети и општина Тетово, по што ќе заврши дијалогот за унапредување на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“, но секако, ќе се остане во постојана комуникација со општините и средните стручни училишта со намера да се креираат нови уписни политики кои ќе бидат во интерес и на учениците и на бизнис заедницата. Како заклучок од сите посети и дијалози преку сумирани предлози и препораки е дека реформите во стручното образование мора да продолжат и дека тие се неопходен услов за креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите и барањата на пазарот на трудот, а со тоа и ќе се зголеми можноста за вработување на младите, но и дека се очекува активно вклучување на општините како значајна врска помеѓу училиштата и бизнис сеторот на локално и регионално ниво.
