Компанијата „ALMERO MATTRESS“ од Гостивар добитник на престижна награда од Индустриската комора на Тирана (CCIT)
➢ Од компаниите (24.01.2022, во 18:24:58)
👁 Прочитано: 1051




Компанијата „ALMERO MATTRESS“ од Гостивар добитник на престижна награда од Индустриската комора на Тирана (CCIT)

Вчера во Тирана, Република Албанија, се одржа церемонија организирана од Стопанската и индустриска комора на Тирана (CCIT), каде што беа избрани и промоворани најуспешните компании од регионот.

Фабриката за душеци „Almero Mattress“ од Гостивар се најде меѓу големиот број успешни фирми од регионот и доби престижна награда за најуспешна фирма за производство на најквалитетни и најудобни душеци во регионот на Северна Македонија, Албанија и Косово.

На годишното доделување на наградите се одбележаа 125 години од создавањето на Стопанската и индустриска комора на Тирана (CCIT), со што наградата на „Almero Mattress“ има и јубилејно значење.

Која е компанијата „Almero Mattress“?

Брендот „Almero Mattress“ веќе 30 години одржува препознатлив дизајн и гарантиран квалитет за долготраен и за удобен душек, на кој ќе можете да имате мирен и здрав сон. Компанијата е членка во Стопанската комора на Северна Македонија и носител на сертификатот Excellent-SME MACEDONIA. Сертификатот за деловно работење Excellent-SME MACEDONIA е сертификат што го издава Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија.

Денес, на производствена површина од 10.000 квадратни метри, нуди богата палета на производи – од душеци со жичено јадро со различни карактеристики до душеци изработени од природни материјали без пружини, како и душеци со латекс, кокосови влакна и со влакна од камила, па сѐ до перници со препознатлив дизајн и со строго зачуван квалитет, кој 30 години е усовршуван за да добиете квалитетен, подолготраен и удобен душек за своето тело секојпат кога одморате.
„Almero Mattress“ е прв и единствен производствен погон во Република Северна Македонија што е специјализиран само за производство на душеци, кревети, наддушеци и на перници. Нуди целосен асортиман на производи за спиење – душеци со различни карактеристики, со или без пружини, душеци од латекс, од природни материјали со кокосови и со камилски влакна итн.

 

Служба за информирање при Комората