ВОНРЕДНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРВ СЛУЧАЈ НА АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
➢ Актуелно (13.01.2022, во 17:46:54)
👁 Прочитано: 1217




ВОНРЕДНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРВ СЛУЧАЈ НА АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

 

Африканската чума во регионот на Делчево до сега уништи 195 домашни свињи, главно од малите производители во селските домаќинства. Во втората фаза, пак, се заканува да бидат уништени над 740 домашни свињи. Истовремено, директорот на АХВ Николче Бабовски најави вонреден попис на сите одгледувалишта, но смирува одгледувачите да не стравуваат, сите ќе бидат обештетени по пазарната вредност на грлата,а средствата што ќе им бидат исплатени нема да бидат пониски од ценовникот на грлата,

Групацијата на прозиводители на свинско месо уште пред 2 години алармираше за проблемот кога вирусот се појави во соседството, најпрвин во Бугарија, а потоа и во Србија. Во 2021 година се произведени се над 15.000 тони домашно месо. Проблем е голем и треба да се прифати од страна на државата како висок итен приоритет. Во спротивно, доколку се остварат најлошите сценарија, половина од сточниот фонд во свињарството ќе треба да се уништи, посочија домашните фармери.

Првиот случај на африканска чума беше потврден на 6 јануари годинава во делчевското село Драмче. Инаку станува збор за вирусно заболување, кое брзо се шири меѓу животните и најчесто завршува со смртен исход. Оние пак кои ќе оздрават, остануваат трајни носители на вирусот. Болеста не се пренесува кај луѓето.

И покрај појавата на африканската свинска чума зголемување на цената на свинското месо нема да има, бидејќи се ништат свињи од високоризични, односно мали семејни фарми. Двете македонски групации за производство на свинско месо побараа од државата на терен да се применат мерките, кои пред две години се донесени. Во радиус од три километри кај делчовско Драмче веќе нема АХВ ги презема сите здравствено безбедносни мерки. Сега се работи на фармите кои се во радиус од 10 километри.

Оваа болест го загрозува бизнисот од 180 милиони евра на 11.000 семејства. Двете здруженија побараа безкомпромисно да почне и реализација на Програмата за покачување на биосигурноста на фармите и контиунирани инспекции на терен.

Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување