ДИГИТАЛЕН САЕМ ЗА СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ (РЕТРОСПЕКТИВА)
➢ Актуелно (30.12.2021, во 12:06:21)
👁 Прочитано: 1678




ДИГИТАЛЕН САЕМ ЗА СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ (РЕТРОСПЕКТИВА)Кликни за повеќе

„Првиот дигитален саем за средно стручно образование, одржан на 31 ноември и 1 декември годинава, за учениците од деветто одделение и кој се следеше во сите основни училишта низ државата ги надмина очекувањата“, беше констатирано на состанокот на учесниците кои го организираа Саемот, врз основа на податоците добиени од истражувањето спроведено по завршување на Саемот. Целта беше да се поддржат младите деветтоодделеници и нивните родители во изборот на соодветна квалификација и занимање, како и да се промовира стручното образование и обука, и да се поддржат компаниите и стручните училишта во напорот да го привлечат вниманието на младите.  

Саемот беше поддржан од проектот „Образование за вработување“, а во негова организација беа: Македонскиот центар за граѓанско образование, во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија и Министерството за образование и наука. Саемот беше подржан од многу компании, средни стручни училишта, Фондот за иновации и технолошки развој, како и искусни професионалци кои ги раскажаа своите успешни професионални приказни. Низ Саемот беа прикажани видео презентации на квалификации кои се нудат во средното стручно образование, гостувања во живо на ученици и наставници (претставници од стручните училишта) и претставници на компаниите. Саемот го следеа над 20.000 гледачи/учесници преку ZOOM webinar платформата и 2.420 You tube прегледи. 

„Презентациите за квалификациите и занимањата, отворените дискусии во студио и успешните професионални приказни биле најинтересните делови на Саемот“, беше констатацијата на испитаниците, а на 45% од учениците деветтоодделенци, саемот влијаел врз нивната мотивација да размислуваат да се запишат во средно стручно образование.

Изјави за дигиталниот Саем за стручно образование на лицата кои го следеле:

1.     Сѐ беше супер. Настанот беше од голема помош за учениците од деветто одделение.

2.     Настанот беше одлично подготвен. Во иднина би можело да има претставување на повеќе струки.

3.     Настанот да биде интерактивен и учениците да можат непосредно да се запознаат со училиштата и струките во помали групи.

4.     Убаво осмислено и презентирано. Би било убаво во иднина да се преточи во традиција, и по завршување на пандемијата.

 

 
 
м-р Наташа Јаневска
Проектен менаџер во Стручната служба на Комората