ИНТЕРВЈУ ЗА MKD.MK Јовановска, Скеил Фокус: Ги мотивираме младите ИТ кадри да останат во земјава
➢ Актуелно (20.12.2021, во 13:13:50)
👁 Прочитано: 879




Јовановска, Скеил Фокус: Ги мотивираме младите ИТ кадри да останат во земјава

Бизнис-планот на компанијата е да ги мотивира и задржи младите ИТ експерти да останат овде во земјата. Тоа е предност, но и умешност да се изнајдат заедничките вредности, со меѓусебно почитување и посветеност, за деловните успеси да се базираат на можноста да умеете да ги извлечете најдобрите вештини од вработените. Нашата визија е да ги собереме најдобрите ИТ таленти не само во Скопје и Битола, туку и во други градови во земјата, вели во интервјуто за МКД.мк Софче Јовановска, генерален менаџер на Скеил Фокус (Scalefocus), една од најбрзорастечките ИТ компании во светот која од неодамна работи и во Макеоднија.

Скеил Фокус годинава направи експанзија не само на глобално ниво, туку и во Македонија. Во време на пандемија отворивте канцеларии во Скопје и Битола, од 10 вработени бројката достигна до вкупно 130 луѓе кои работат за оваа етаблирана интернационална компанија. На што се должи овој тренд на брз раст?

-Скеил Фокус е присутна во земјата од декември 2019 година како најголема странска инвестиција во ИТ секторот. Компанијата е со седиште во Бугарија, но меѓународно работиме во повеќе канцеларии ширум светот на пазарите во Северна Америка, Западна Европа и Блискиот Исток. Моќта на компанијата се гледа и во тимот кој брои околу 800 инженери, ИТ експерти, со стратегија да станеме вистинска глобална компанија во индустријата за софтверска технологија и иновации и светски признат лидер во областа на дигитализацијата. Причината за проширување во Македонија, беше дел од нашата стратегија за проширување и подготвителен чекор за понатамошен раст во регионот на Западен Балкан. Иако почнавме со работа во канцеларијата во Скопје, само неколку месеци пред пандемијата, кога целиот свет застана, сепак согласно инвестицискиот план,  планираниот број на вработени за 2021 година ги надмина очекувањата за 50%. Горди сме како менаџмент на постигнатиот успех, но огромна благодарност до нашите вработени кои ја препознаа компанијата како место за нивниот иден професионален развој и успех. Нашите вработени се нашиот најголем капитал во компанијата.

Стратегијата за проширување е поврзана и со децентрализацијата на локациите како развојни центри, со цел компанијата да може да ги привлече и вклучи во своите проекти најдобрите технолошки кадри од најразлични места. Покрај модерниот и функционален канцелариски простор од 900м2 на атрактивна локација во строгиот центар на Скопје, во септември оваа година се проширивме  и со канцеларија и во центарот на Битола.

За време на пандемијата го применивме моделот „Work From Everywhere“, којшто се покажа како успешен и ќе го задржиме по завршувањето на пандемијата, но истовремено инвестираме да им обезбедиме удобен амбиент за работа и сè што им е потребно за ефикасна работа на вработените во нашите канцеларии.

Иако гледано во светски рамки и Бугарија и Северна Македонија се мали земји, но со нашите најдобри практики и политики, стекнати и инспирирани од меѓународните компании за кои работиме, успеаваме да се разликуваме од конкурентите со нашиот квалитет и страст за совршеност, а кои се резултат на посветеноста на вработените и нивните вистински таленти. Затоа се трудиме да создадеме идеални услови за работа и младите да останат дома или да ги вратиме во нашите земји и да придонесеме за економски просперитет на регионот.

Линк до целото интервју - Јовановска, Скеил Фокус: Ги мотивираме младите ИТ кадри да останат во земјава | МКД.мк (mkd.mk)

Служба за информирање при Комората