ЗЕЛЕНА АГЕНДА, ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ВО СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА
➢ Актуелно (15.12.2021, во 17:27:28)
👁 Прочитано: 953




ЗЕЛЕНА АГЕНДА, ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ВО СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

Зелената агенда, дигитализацијата и регионалната соработка во областа на образованието, како и важноста на стручното образование и обука за обезбедување на човечки капитал со релевантни вештини и компетенции беа тема на виртуелната конференција што ја организираше Регионaлниот фонд за предизвици во рамките на Коморскиот инвестициски форум на 6-те земји од Западен Балкан. Економскиот развој на државите директно е поврзан со образованието кое треба да ги следи потребите на пазарот на трудот. Во таа насока беше истакнато дека 30-40% од работодавачите во Западен Балкан сметаат дека вештините се несоодветни, а тоа ги прави да бидат неконкурентни со европските економии. Статистиките покажуваат дека 24% од невработените лица во Западен Балкан се долгорочно невработени поради несоодветноста на вештините со потребите, во однос на 12% невработени во Европската Унија и 8% во Германија. Тоа покажува дека мора да се вложува во образованието, посебно во модернизирање на наставните програми кои треба да бидат во корелација со барањата на приватниот сектор за потребните вештини; инвестиции во наставни помагала и опрема за реализација на наставниот процес за унапредување на вештините и обуки за наставниците за реализација на модернизираните програми.

На конференцијата низ три панел дискусии: Потенцијали за зелена агенда во стручното образование и обука за зелен раст во ЗБ6Стручното образование и обука и дигитализацијата и Регионалната соработка во 6-те земји од Западен Балкан, беа потенцирани релевантните предизвици со кои се соочуваат економиите, но за решавање на истите може да се интервенира преку реформите во образованието.

За да се реализира ова клучно е да се има силни механизми за соработка помеѓу приватниот и јавниот сектор во СОО и засилено учество на бизнис заедница во дефинирањето на потребните вештини на пазарот на трудотРегионалната соработка е важна поради создавањето единствени предуслови за образование со цел да се подобри заедничкиот пазар.

Во прилог линкот на Агендата на конференцијата: First Annual Regional Conference (vfairs.com)

 
м-р Наташа Јаневска
Експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување