НИКОГАШ НЕМОЈТЕ ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА УЧИТЕ, СТЕКНУВАТЕ ВЕШТИНИ И ДА СЕ НАДОГРАДУВАТЕ
➢ Актуелно (08.12.2021, во 22:41:46)
👁 Прочитано: 716



Интервју за Фокус на м-р Антонета Манова Ставреска, експерт во Стопанската комора на Северна Македонија 
НИКОГАШ НЕМОЈТЕ ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА УЧИТЕ, СТЕКНУВАТЕ ВЕШТИНИ И ДА СЕ НАДОГРАДУВАТЕ

Современтите општества се развиваат со се поголема динамика. Последните години сме сведоци на трендови кои како резултат на иновациите значат големи промени во работењето на компаниите во насока на примена на напредни техники и технологии, како што се: дигитализација, е-трговија, итн. Во светот кој се менува со голема динамика, знаењето, компетенциите, меките вештини и умеењето прават голема разлика. Формалното образование е темел на куќата наречена знаење, но постојаното надоградување и следење на последните трендови ја прават куќата поцврста, поубава и потрајна.

Стопанската комора ги следи новите трендови и постојано е во функција на поддршка на бизнисите на своите членки. Како резултат на овие заложби, како и на новото стратешко поставување, неодамна во Стопанската комора на Северна Македонија се формираше Совет за високо образование и стратешко истражување (Совет). Целта на Советот е поттикнување на соодветни начини за континуирано функционално образование и иновација на знаењата на раководните и стручните кадри во компаниите. Советот преку трите програми: Школа за бизнис лидери, Развој на мали и средни бизниси и старт ап бизниси и Институт за извоз, има за цел да поттикне перманентно функционално образование и надградување на знаењата на високообразовните кадри, што ќе води кон воспоставување на Школа за продуцирање кадри за извоз која ќе прерасне во Институт за извоз.
Програмите на Советот за високо образование и стратешки истражувања се логичен производ на постојаните заложби на Комората во доменот на образованието и се одраз на гласот на компаниите за реалните потреби за кадар кој поседува апликативно и практично знаење кое не секогаш се добива во формалниот процес на едукација. Во таа смисла, Советот е замислен како “продолжена рака” на образовниот систем во Македонија, каде слушателите на програмите преку интерактивни предавања ќе стекнуваат практични вештини од признати професионалци во својата област.

Советот за високо образование и стратешки истражувања ја разви Програмата за развој на мали и средни бизниси на база на два постулати:

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА 6-МЕСЕЧНАТА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА  МАЛИ И СРЕДНИ БИЗНИСИ- Постојанато истакнување на потребата од страна на сопствениците и менаџерите на компаниите за недостакот на пазарот од стручно профилирана работна сила и кадар (вработени) кои поседуваат специјализирани вештини, компетенци и знаење, и

- Фактот што 99,7% од регистрираните деловни субјети во РС Македонија се микро, мали и средни бизниси, кај кои потребата за доедукација е посебно изразена. 

Еден од најгорливите проблеми за македонските стопанственици е недостаток на квалификувана работна сила со специфични знаења и вештини. Во секојдневните контакти со компаниите и преку анкетите кои ги споведува Комората, недостатокот на квалитетна работна сила се издвојува како еден од главните проблеми со кој се соочуваат компаниите во своето работење и претставува ограничувачки фактор за понатамошен развој на компаниите. Воедно, само преку соодветно знаење и вештини младите луѓе може да се реализираат, бидат креативни и позитивни и остварат напредок и успех во кариерата. Знаењето се негува и надоградува и секогаш треба да е во чекор со последните трендови во општеството и економијата.

Второ, како и во Европската Унија и земјите на Западниот Балкан, така и во Македонија, микро, малите и средни претпријата се најдоминантни во однос на бројноста, вработеноста и додадената вредност. Во 2020 година, 99,7% од приватните бизниси биле микро, мали и средни претпријатија, од што само 9,3% се мали и средни претпријатија, додека 82,1% се микро претпријатија. Микро, малите и средните претпријатија вработуваат околу три четвртини од сите вработени во приватниот сектор. Притоа, само микро претпријатијата вработуваат дури една третина од вработените. Најголем дел од додадената вредност во 2017 година (63,8% од додадената вредност на бизнис секторот во 2017 година) е содадена од малите и средни претпријатија.

Имајќи ја предвид улогата и значењето на малите и средни бизниси за македонската економија, нивното поставување на здрава основа и едукација на кадарот вработен во нив се од големо значење. Во тој контекс, Советот изработи програма со која Комората покажа слух за актуелните проблеми во оваа област и продолжи посветено, доследно и континуирано да работи на едукација и стекнување на пазарно потребни вештини на вработените во компаниите. Во областа на образованието, Стопанската комора активно е вклучена и преку Центарот за едукација и Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија“ Е4Е@мк. Предавачи на програмата се реномирани и признати експерти со специјализација во својата област стекната преку практична примена и низ секојдневно работење. 
Целото интервју на м-р Антонета Манова Ставреска, експерт во Стопанската комора на Северна Македонија и ментор на Програмата за развој на мали и средни бизниси можете да го прочитате на следниот линк: Интервју на м-р Антонета Манова Ставреска за Фокус.
 

Служба за информирање при Комората