ОБРАЗОВАНИЕТО НИ ДАВА ДОВЕРБА, СИГУРНОСТ, НО САМО ПРАКСАТА МОЖЕ ДА НЕ НАПРАВИ УСПЕШНИ 
➢ Актуелно (03.12.2021, во 11:20:51)
👁 Прочитано: 929



Интервју на д-р Драгана Чифлиганец, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија  за Фактор.мк
ОБРАЗОВАНИЕТО НИ ДАВА ДОВЕРБА, СИГУРНОСТ, НО САМО ПРАКСАТА МОЖЕ ДА НЕ НАПРАВИ УСПЕШНИ 

Во интервјуто за Фактор.мк, д-р Драгана Чифлиганец, извршен директор на „Адора инженеринг“ потпреседател на Стопанската комора на Северна Македонија вели дека за успех не е доволно да се заврши школо и да се има добра идеја, бидејќи патот до успехот е долг и има многу препреки. Успехот има многу елементи, кои не ги пишува во книга, туку се учат преку секојдневна работа,тоа е начинот да се стекнеме со многу вештини. А се што работиш, мора да е со љубов ако сакаш да успееш.  Во таа насока д-р Чифлиганец се вклучува како предавач на Програмата за клуб на менаџери  – претприемништво и лидерство при Комората, која започнува на 9 декември, а ќе трае до крајот на мај 2022 година.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА 6-МЕСЕЧНАТА ПРОГРАМА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ЛИДЕРСТВОСтопанската комора впрочем од неодамна креираше алатка со која планира активно да се вклучи во помош на бизнисите и нивен зголемен раст, а за таа цел е формиран Совет за унапредување на високото образование. 

Мојата потајна желба е на оваа Програма за претприемништво и лидерство, што ја организира Стопанската комора и која започнува за една недела, да се пријават што повеќе жени со цел да го зголемиме капацитетот, можностите за што поголема вклученост и напредок на жените, а особено нивно позиционирање на што повисоки функции во компаниите во кои работат. Искрено се надевам дека пренесувајќи ги успешните примери за личен развој ќе бидеме пример и мотивација за учесниците во оваа програма, вели д-р Чифлиганец.
Целото интервју на д-р Драгана Чифлиганец, извршен директор на „Адора инженеринг“, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија и предавач на Програмата за менаџери – претприемништво и лидерство, можете да го прочитате на следниот линк: Интервју на д-р Драгана Чифлиганец за Фактор.мк.

м-р Михајло Донев
в.д. Оперативен директор за развој, иновации и знаење