УСПЕШНИОТ ЛИДЕР ЗНАЕ ДЕКА ВО ТИМОТ СЕКОЈ Е ВАЖЕН
➢ Актуелно (02.12.2021, во 13:15:13)
👁 Прочитано: 933



Интервју на Иван Петровски, генерален директор на „Фершпед“ АД Скопје за Фокус.мк
УСПЕШНИОТ ЛИДЕР ЗНАЕ ДЕКА ВО ТИМОТ СЕКОЈ Е ВАЖЕН

Во интервјуто за Фокус, Иван Петровски говори за процесот на суштинска трансформација на Стопанската комора на Северна Македонија преку концептот на „Комора на иднината“, во пресрет на 100-годишнината од постоењето на Комората.

Еден сегмент од таа трансформација е формирањето на Советот за високо образование и стратешки истражувања, каде Петровски е еден од предавачите на модулот Практични аспекти на работењето на малите и средни бизниси која е дел од Програмата за развој на мали и средни бизниси што започнува на 9 декември 2021 година. Во рамки на модулот, Петровски, како генерален директор во Фершпед и член на Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија пред учесниците ќе ги сподели своите искуства, знаења и вештини стекнати преку долгогодишната професионална кариера на различни позиции во компанијата особено во делот на меѓународно искуство во областа на меѓународна шпедиција и транспорт како добар познавач на солунското пристаниште каде поминува 9 години од кои 8 години како директор на представништвото на Фершпед во Солун.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА 6-МЕСЕЧНАТА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА  МАЛИ И СРЕДНИ БИЗНИСИГлавната порака што ја испраќа до младите лидери е дека во тимот секој е важен, а без стручен тим, тим од доверба, не може да се оди напред. Потребата да се размислува стратешки, да се биде постојано блиску до потребата на корисникот на производот или во случајот на Фершпед до корисникот на услугата е посебно важно бидејки покрај цената и квалитетот, размислувањето за проблемите на партнерите и пронаоѓање на решение на истите е многу  важно за добивање и задржување на клиентите.

Целото интервју на Иван Петровски, генерален извршен директор на „Фершед“ АД Скопје, член на Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија и предавач на Програмата за развој на мали и средни бизниси, можете да го прочитате на следниот линк: Интервју на Иван Петровски за Фокус.мк.

м-р Михајло Донев
в.д. Оперативен директор за развој, иновации и знаење