ПОСЕТА НА УКРАИНСКА БИЗНИС ДЕЛЕГАЦИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
➢ Актуелно (02.12.2021, во 12:40:41)
👁 Прочитано: 792




ПОСЕТА НА УКРАИНСКА БИЗНИС ДЕЛЕГАЦИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Бизнис делегација на Лавовскиот регион предводена од заменик началникот на Лавовската државна управа, г-дин В.А Загајниј ја посети Стопанската комора на Северна Македонија и оствари средба со раководството на комората. Двете земји имаат пријателски односи без отворени прашања, истакна во поздравниот говор извршниот директор на комората Антони Пешев. Целокупната размена е околу 120 милиони САД$ при што само 10% отпаѓа на извоз на македонски производи во Украина. Извезуваме воглавно земјоделски производи, додека најмногу увезуваме производи од метална и електро индустрија. Но можности за зголемување на истата во двете насоки постојат, и со оваа посета тие треба да се искористат и отворат пат за понатамошна зголемена соработка, истакна Пешев.

Минатата година се состана македонско-украинската економска комисија и беа потпишани голем број на договори за помеѓу двете земји. Со тоа се отвора можност за зголемена соработка особено во агросекторот и туризмот-два сектори кои имаат најголем потенцијал, истакна амбасадорката на Украина во РСМ.

Заменик началникот на Лавовската државна управа, г-дин В.А Загајниј ги презентираше можностите за инвестирање кои ги нуди Лавовскиот регион. Со извоз од над 2,3 милијарди САД$ на годишно ниво (во земјите од ЕУ као Германија, Чешка, Данска и Полска), со 400 инвестициски објекти и девет индустриски паркови кои нудат големи поволности за компаниите, оваа област се промовира како сериозен партнер на македонските компании кои се заинтересирани за соработка.

На средбата беа присутни домашни претставници од земјоделско-прехранбениот сектор и туризмот кои, по завршување на официјалниот дел, ги продолжија разговорите со украинските колеги во комората. За вториот ден од престојот во земјата е предвидена посета од страна на украинската делегација на две винарии, Сопот и Стоби, каде што ќе се сретнат со првите луѓе на компаниите.

Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување