МЕНАЏЕРОТ ПРВО ТРЕБА ДА БИДЕ ЧОВЕК – и на најдобриот лидер му треба војска што ќе го поддржи
➢ Актуелно (01.12.2021, во 12:01:02)
👁 Прочитано: 1036



Интервју на Ирена Јакимовска, заменик-претседател на Советот за странски инвеститори (ФИЦ) за Плусинфо.мк
МЕНАЏЕРОТ ПРВО ТРЕБА ДА БИДЕ ЧОВЕК – и на најдобриот лидер му треба војска што ќе го поддржи

Преку своето искуство од работа во странство, до основање на приватен бизнис, Ирена Јакимовска, заменик претседател на Советот за странски инвеститори во Стопанската комора на Северна Македонија, говори за процесот на градење на сопствен бизнис и развивање на менаџерски и лидерски вештини кои водат до раст и развој на бизнисот.

Во интервју за Плус инфо, Јакимовска посочува дека за еден менаџер да биде лидер, пред се, треба да е човек, особина надоградена со искреност, чесност, храброст, иницијативност, одржливост, одговорност, прилагодливост и отвореност за промени и континуирано надоградување на сопственото знаење.

Како активен член на Стопанската комора на Северна Македонија, во својство на заменик претседател на Советот за странски инвеститори и претседател на Регионалната комора со седиште во Прилеп член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија и член на Собранието на Стопанската комора на Македонија, за мандатниот период 2020-2025, Јакимовска активен придонес дава и како предавач на Програмата за клуб на менаџери – претприемништво и лидерство, во рамки на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА 6-МЕСЕЧНАТА ПРОГРАМА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ЛИДЕРСТВОВо овој модул се планирани осум мотивациони говори на познати бизнис лидери од Македонија кои ќе говорат за нивното школување, пораките на нивните професори, првото вработување, мотивацијата, што правеле различно од другите, која беше нивната најтешка одлука, како го бирале својот тим, кое животно мото ги води, како се справуваат со стресни ситуации. Програмата за претприемништво и лидерство започнува на 9 декември, а ќе трае до крајот на мај следната година. 

Целото интервју на Ирена Јакимовска, сопственик на компанијата „Комфи Ангел“ од Прилеп, можете да го прочитате на следниот линк: Интервју на Ирена Јакимовска за Плусинфо.мк.

м-р Михајло Донев
в.д. Оперативен директор за развој, иновации и знаење