ВО ВРЕМЕ НА ПРОМЕНИ И КРИЗИ ДА СЕ СЛУШНЕ ЗНАЕЊЕТО И ВЕШТИНИТЕ НА ЧЕЛНИТЕ ЛУЃЕ ОД ДОКАЖАНИТЕ И УСПЕШНИ КОМПАНИИ ВО ЗЕМЈАВА
➢ Актуелно (30.11.2021, во 10:36:18)
👁 Прочитано: 922



Интервју на м-р Глигор Цветанов, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија за Фактор.мк
ВО ВРЕМЕ НА ПРОМЕНИ И КРИЗИ ДА СЕ СЛУШНЕ ЗНАЕЊЕТО И ВЕШТИНИТЕ НА ЧЕЛНИТЕ ЛУЃЕ ОД ДОКАЖАНИТЕ И УСПЕШНИ КОМПАНИИ ВО ЗЕМЈАВА

Во интервјуто за Фактор.мк, м-р Цветанов истакнува три клучни и потребни работи кои треба да ги знае еден добар менаџер: прво да се биде сам свој консултант и да се запраша што може да стори за лично подобрување, но и во компанијата што ја води, второ да изгради односи со вработените, купувачите и добавувачите базина на взаемна доверба и взаемно почитување и трето, да има визија, да посакува и да сонува на големо.

Како предавач во Програмата за клуб на менаџери-претприемништво и лидерство, која е дел од Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања при Стопанската комора на Северна Македонија, м-р Цветанов очекува дека токму ваквите програми ќе допринесат менаџерите да ги зајакнат своите капацитети на менаџирање на компаниите, а тоа ќе води кон раст и развој на нивните компании, што пак обезбедува и раст на економијата на државата во целина. 

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА 6-МЕСЕЧНАТА ПРОГРАМА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ЛИДЕРСТВО

Програмата за претприемништво и лидерство започнува на 9 декември, а ќе трае до крајот на мај следната година. Освен Цветанов предавачи се и педесетина други реномирани претставници на бизнис секторот, академската и научната фела. Едно од најдобрите учења е трансферот на знаење и учење од поискусните, оние кои претходно се соочиле со одреден проблем. Тие можат најдобро да ги споделат своите искуства околу проблемите во реалниот сектор. Освен ова, посетителите ќе имаат можност и за размена на искуства што го прави бенефитот уште поголем, истакнува м-р Цветанов.

Целото интервју на м-р Глигор Цветанов, генерален директор на „Макпрогрес“ - Виница, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија и предавач на Програмата за менаџери – претприемништво и лидерство, можете да го прочитате на следниот линк: Интервју на м-р Глигор Цветанов за Фактор.мк.

м-р Михајло Донев
в.д. Оперативен директор за развој, иновации и знаење