ПО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ, СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МЕНАЏЕРИТЕ ЌЕ ИМ ГИ ПРЕНЕСУВА НАЈДОБРИТЕ БИЗНИС ПРАКТИКИ
➢ Актуелно (27.11.2021, во 10:22:14)
👁 Прочитано: 1126



Интервју на д-р Глигор Бишев, претседател на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања за мкд.мк
ПО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ, СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МЕНАЏЕРИТЕ ЌЕ ИМ ГИ ПРЕНЕСУВА НАЈДОБРИТЕ БИЗНИС ПРАКТИКИ

Во интервјуто за Мкд.мк, д-р Бишев говори за потребата од презентирање на успешните приказни, факторите и најдобрите практики кои водат до успех од страна на домашните и странски менаџери во насока на зголемување на ентузијазмот и мотивираноста за создавање нова генерација менаџери и претприемачи кои се подготвени да се справат со секој предизвик.

Тој како ментор на Програмата за менаџери претприемништво и лидерство вели дека на овие предавања ќе се зборува за перспективите за иновации, знаења и развој на нови услуги и институции кои се од директна корист за компаниите. Обуката почнува на 9 декември, а ќе трае до почетокот на јуни 2022 година. 
Предавачи се 30-тина реномирани претставници од бизнис секторот, академската и научната фела кои ќе пренесат практични искуства. 

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА 6-МЕСЕЧНАТА ПРОГРАМА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО И ЛИДЕРСТВО

Осумте модули од оваа Програма треба да го поткрепат слушателот со една општа менаџерска култура која треба да ја има современиот менаџер. Слушателите ќе се стекнат со знаење и вештини потребни за секојдневното тековно работење на компанијата.

Целото интервју на д-р Глигор Бишев, генерален извршен директор на „Шпаркасе Банка“ АД Скопје, претседател на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања во Стопанската комора на Северна Македонија и ментор на Програмата за менаџери – претприемништво и лидерство, можете да го прочитате на следниот линк: Интервју на д-р Глигор Бишев за Мкд.мк.

м-р Михајло Донев
в.д. Оперативен директор за развој, иновации и знаење