ПРЕДВИДУВАЊАТА НА СОСТОЈБИТЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД – УСЛОВ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА КОМПАНИИТЕ
➢ Актуелно (22.11.2021, во 14:53:59)
👁 Прочитано: 308




ПРЕДВИДУВАЊАТА НА СОСТОЈБИТЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД – УСЛОВ ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА КОМПАНИИТЕ

Современата економија брзо се менува како резултат на  развитокот на новите технологии кои доведуваат до промена на начинот на производство во сите економски активности, од една страна, и на побарувачка за нови специфични вештини и квалификации што можат да се обезбедат преку образованието и обуката, од друга страна. Затоа е потребно, навреме да се оцени што може да се предвиди на страна на побарувачката и нејзино усогласување со понудата затоа што пазарот на труд е комплексен систем којшто вклучува различни компоненти на понуда и побарувачка. Прогнозирањето на состојбите на пазарот на труд значи да се обезбедат навремени информации за очекуваните промени во иднина, и на страната на понудата, и на страната на побарувачката на вештини и нивна размена со релевантни институции и тела.
Јакнењето на човечките ресурси во институциите за обезбедување на податоци и нивната размена  беше причина Стопанската комора на Северна Македонија со поддршка на проектот „Образование за вработување“ да организира две последователни обуки во октомври и ноември за преставници од коморите, министерството за образование и наука, министерствотото за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и организацијата на работодавачи. 

Целта на првата обука на тема: „Подготовка за ефективно прогнозирање“ беше да се презентира рамката за прогнозирање, потребните фази и елементи за ефективно прогнозирање на потребните вештини на пазарот на труд.

Целта на втората обука на тема: „Методи за прогнози на потребните вештини“ беше да се презентираат соодветни ефикасни методи за прогноза на потребните вештини, со потребните фази, елементи и каратеристики на прогнозирињето на потребните вештини на пазарот на трудот.

По реализацијата на обуките ќе биде подготвен предлог концепт за споделување на информации помеѓу институциите, заради создавање бази на податоци што треба да бидат поставени во основата за прогнозирање на потребните вештини.

Предавач на обуката беше проф. д-р Благица Новковска, национален експерт за  проценка и анализи на пазарот на труд и образованието.

 

 
м-р Наташа Јаневска
Експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување