СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА И ОБРАЗОВАНИЕТО – ПРЕДУСЛОВ ЗА ПОКВАЛИТЕТНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И КАДАР
➢ Актуелно (18.11.2021, во 20:21:03)
👁 Прочитано: 338



- „ЛТХ Леарница“ Охрид континуирано вложува во својот кадар и придонесува за подобрување на квалитетот на стручното образование-
СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА И ОБРАЗОВАНИЕТО – ПРЕДУСЛОВ ЗА ПОКВАЛИТЕТНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И КАДАР

Веќе подолг период, значително е подигната свеста за важноста на човечките ресурси, како и вклучувањено на бизнис заедницата во образованието,  преку овозможување на практична настава на учениците од средното и високо образование,  што всушност преставува предуслов за квалификување на кадарот во компаниите. Квалитетен кадар, или поедноставено кажано – да се има прави луѓе на право работно место, секако е најзначаен клучен сегмент, како за задоволство на вработениот така и за самата продуктивност на организацијата.

Голем дел од реалниот сектор во Република Северна Македонија го препознаа овој факт и склучија меморандуми за соработка  со  средните училишта и  на учениците им се овозможи практичниот дел од наставата да го реализираат во компаниите. Од друга страна  на компаниите им се овозможи преку Стопанската комора на Северна Макеодонија да обучат стручно лице - ментор кој ќе ги води учениците низ целиот процес во компанијта и да се верифицираат како  компанијата за изведување на практична настава.

ЛТХ Леарница“ од Охрид е компанија членка на Комората,  каде инвестициите во проширувањето на производствените капацитети и опрема им ја наметна потребата на компанијата за нови вработувања, пред се на високоедуциран кадар. Компанијата континуирано вложува во доедукација на своите вработени, но дополнително придонесува и  за подобрување на квалитетот на стручното образование преку овозможување на практична настава на учениците и студентите во компанијата и можноста истите да се стекнат со драгоцени искуства и знаења пренесени од високо стручни кадри.

 „ЛТХ Леарница“ интензивно соработува  со локалните технички училишта преку дуалниот метод на образование, како можност за соодветна едукација и подобра можност за вработување на младите лица. Компанијата беше меѓу првите што се вклучија во оваа пилот-програма што се реализира во соработка со ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ од Охрид.

Менторската програма која ја имаат, сега ја прилагодија и на наставната програма на учениците, и во моментов имаат 34 ученици кои посетуваат практична настава кај нив. Практикантите, кои воедно се и нивни потенцијални идни вработени, при практичната обука ги имаат на располагање сите нивни капацитети, соодветни простории, опрема, како и стручно обучен кадар кој непречено се грижи за нивната практична обука како дел од наставната програма. Во исто време,и на студентите кои се запишуваат на техничките факултети им се понудува можност за стипендирање, со вклучена практична работа и помош при изработка на проекти, дипломски работи и слично.

„ЛТХ Леарница“ со над 500 вработени е дел од словенечката Групација „LTH Castings“ специјализирана во областа на развој, леење, обработка и монтажа на висококомплексни компоненти од алуминиум, како и изработка на алати наменети за сопственото производство. Групацијата е еден од водечките европски добавувачи на висококвалитетни обработени алуминиумски одливци наменети за автомобилската индустрија. Главните партнери на комапнијата се глобално познати брендови како „Мерцедес“, „Бош“, „БМВ“, „ЗФ“, „СумиРико“, „Континентал“,

М-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
Соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување