ПЕТ ГОДИНИ „КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА“
➢ Актуелно (17.11.2021, во 15:28:17)
👁 Прочитано: 369




ПЕТ ГОДИНИ „КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА“

„Костал Македонија“ денес ја одбележа петгодишнината од работењето. Компанијата претходно го прослави и илјадитиот вработен во нивните капацитети во Охрид, што се наоѓаат во целосно обновените капацитети на поранешен „ЕМО“.

Директорот на компанијата, Виктор Мизо, изрази задоволство за успешноста на проектот и неговиот нагорен развој низ годините, посочувајќи дека на компанијата и претстојат нови комплексни проекти, од кои дел се вбројуваат во најкомплексните проекти во рамките на Групацијата „Костал“ за што покрај посветеноста на внатрешните ресурси, во иднина повеќе од претходно ќе биде неопходна и поддршката од институциите. 

Управниот директор на Групацијата „Костал“, Каи Кникман, изрази задоволство од постигнатото во нивната филијала во Охрид. Пет години како успешно се развива „Костал Македонија“. Успеавме од браунфилд инвестиција да создадеме современ, технолошки напреден производствен капацитет. Поддршката и соработката на сите нивоа – од локално, регионално до национално, придонесоа Групацијата „Костал“ да се чувствува дома тука во Охрид. Нашите намери се да останеме тука, да ги унапредувавме производствените процеси, да се развиваме и да ги прошируваме капацитетите – посочи Кникман во своето обраќање до медиумите.

По повод одбележувањето на годишнината, производствените капацитети на компанијата ги посетија претставници на Амбасадата на Германија, предводени од заменик-амбасадорот Ото Граф.

Служба за информирање при Комората