МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ОБЈЕКТ, ЦЕНТАР ЗА АНАЛИЗИ И ИСТРАЖУВАЊЕ, ЛАБАРАТОРИИ, АКАДЕМИИ – СТРАТУВА СО РАБОТА „ВИНЧИНИ ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ И ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА“ ВО ВИНИЦА
➢ Актуелно (12.11.2021, во 19:26:13)
👁 Прочитано: 447




МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ОБЈЕКТ, ЦЕНТАР ЗА АНАЛИЗИ И ИСТРАЖУВАЊЕ, ЛАБАРАТОРИИ, АКАДЕМИИ – СТРАТУВА СО РАБОТА „ВИНЧИНИ ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ И ПРОГРЕСИВ АКАДЕМИЈА“ ВО ВИНИЦА

Макпрогрес доо Виница, еден од водечките производители на кондиторски производи во Југоисточна Европа, денес и официјално го отвори  новоизградениот Винчини центар за развој и Прогресив Академија во Виница. Со сечење лента, дегустација на чоко иновативните производи, во пријатен амбиент, иновативниот центар за едукација беше ставен во функција. 

Новиот центар е мултидисциплинарен објект со простори за обука и соработка, области за истражување и развој, лаборатории за сензорна анализа и креативно пакување, изложбени салони, музејска изложба итн. Овој центар ќе биде двигател на иновации и развој на таленти преку подобрување на техничките и менаџерските вештини, помагање на стартапи, поддршка на млади професионалци и соработка со заедницата, приватниот сектор и академијата, за одржлив развој на регионот. 

„Навистина сме среќни што визијата за овој иновативен кампус која ја имавме од пред десет години, по неколку години изградба и развој на програми, стана реалност и центарот сега е официјално основан. Покрај поттикнување на иновативниот дух кај вработените како и создавање соработка и синергија со клучните засегнати страни во заедницата, во рамките на овој развоен центар имаме и две академии: Винчини академија за надградба на техничките вештини и Прогресив академија за извршни менаџери. Особено сум горд на партнерството со Barry Callebaut, најголемиот производител на чоколада во светот, со кого ќе соработуваме во делот на Академијата за чоколади со цел обука на стручни лица за мајстори чоколатиери. - изјави г. Глигор Цветанов, генерален директор на Макпрогрес доо Виница и претседател на Управниот одбор на Фондацијата Прогресив Академија. 

„Сите нови форми на професионална надградба, како и научно-истражувачки и развојни центри, како овој на Макпрогрес, се пример за тоа како да се биде успешна компанија која работи на подобрување на квалитетот на производите, обезбедува можности за учење за вработените, но и поттикнува иновации и развој како повисоки општествени цели. Истражувачките и развојните центри треба да бидат клучната основа од кадешто треба да се појде при градењето на стратегиите и дефинирањето на чекорите за натамошно придвижување напред, на економски план.

На овој план, вреди да ја споменам и заложбата на Стопанската комора на Севверна Македонија, како глас на бизнис заедницата, за наоѓање конкретни решенија околу проблемот со недостигот на вештини и специјализирани знаења на нашите работници и усогласување на понудата со побарувачката на работна сила, од една страна, како и поттикнување на инвестициите и извозот, од друга страна, како претпоставка за стабилна и развојна економија.

Анализите кои ги прави Комората од областа на пазарот на трудот, покажуваат дека нам ни е потребно токму она што го прави сега Макпрогрес со овој проект, а тоа е потесно специјализирање на кадарот и насоченост кон иновации и развој. 53% од новите работни места бараат стручно образовние во определена област;

Дека овие наши заложби не се празни приказни, туку поттик за напредок покажува оваа инвестиција на Макпрогрес Виница и искрено верувам дека таа ќе биде двигател на иновациите и развојот на кадрите во овој регион, за што им честитам и во име на Комората, ги поттикнувам да продолжат по овој пат!“. - изјави др. Елена Милевска Штрбевска, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија. 

 

Претставникот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, Анди Аранитаси, изјави дека Европската Банка, како еден од иницијаторите на образовните програми на Прогресив Академија, е горд што гледа дека овој 2-годишен проект станува предводник за едукативен развој. Со нетрпение очекуваме да го видиме големото влијание кое овој центар ќе го има врз поединците и компаниите во регионот“. - изјави г. Аранитаси.

Центарот ќе биде дом на Прогресив Академија, која обезбедува технички обуки и ја имплементира првата верифицирана Академија за извршни менаџери во земјата, а сето тоа е развиено од консултантската компанија PrimePoint Partners со поддршка на ЕБОР и Јапонски донаторски фондови. Прогресив Академија е отворена за соработка со приватниот сектор, невладините организации, средните училишта и универзитетите, како и општините, владата и меѓународната донаторска заедница.

 
Даниела Михајловска Василевска
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување