КОНЕЧНО ОД ЗБОРВИ НА ДЕЛА АЗЕСКИ И КОМОРАТА ВО УСЛОВИ НА КРИЗА ОБЕЗБЕДИЈА 23 НАЈСОВРЕМЕНИ МАШИНИ ЗА 4 КОМПАНИИ ВО ВРЕДНОСТ ОД ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ
➢ Актуелно (10.11.2021, во 06:47:25)
👁 Прочитано: 524



„ТМ“ Штип и „АгроБар“ Виница две од 4-те компании кои со нова автоматизирана опрема станаа извозно поконкурентни во настапот на странските пазари
АЗЕСКИ И КОМОРАТА ВО УСЛОВИ НА КРИЗА ОБЕЗБЕДИЈА 23 НАЈСОВРЕМЕНИ МАШИНИ ЗА 4 КОМПАНИИ ВО ВРЕДНОСТ ОД ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЗА ПОГОЛЕМА  КОНКУРЕНТНОСТ

Денеска (10.11.2021 година), претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, во придружба на потпретседателите на Комората, Глигор Цветанов и м-р Анета Трајковска, ќе посетат две компании во источна Македонија, за кои Стопанската комора (заедно со уште други две фирми) за прв пат обезбеди директна финансиска поддршка во форма на грант од Фондот за иновации и технолошки развој во износ од 499.905 евра, за набавка на 23 машини во 4-те фирми, потребни за зголемување на конкурентноста на производите.

Главната цел на проектот беше зголемување на продуктивноста, намалување на трошоците и раст на извозната конкурентност на компаниите преку набавка и инсталирање на нови машини и опрема.

Вкупниот буџет на проектот е во вредност од 1.088.536 евра. 40% од средствата се неповратна помош преку проектот на Комората од ФИТР, додека останатите средства се ко-финансирање од страна на компаниите. Дополнителна придобивка за компаниите е што имаа можност за поврат на ДДВ, кој се плаќаше при набавка на самите машини, што значи дека неповратниот грант за компаниите изнесува околу 50%. 

 Компанијата ТМ Штип со набавка на три автоматизирани машини во вредност од  242.000 евра го подобрува производниот капацитет, квалитетот на финалните производи и ја зголемува ефикасноста на трошоците.

 АгроБар Виница со нови три автоматизирани машини и компресор за производство на земјоделска механизација вредни 216.000 евра, целосно го автоматизира процесот на производство што значително ја зголемува можноста за нова производна палета на нови производи за потребите на компании од други индустрии во регионот и пошироко.

Успешно реализираниот проект на Комората со кој, преку директна финансиска поддршка се поттикна поголема конкурентност на 4-те македонски компании што стимулира поголема извозна активност, е само потврда дека Фондот за иновации и технолошки развој треба и следната година да проектира финансиска поддршка на бизнисот и тоа да преставува континуирана програма за поддршка на стопанството.

Служба за информирање при Комората