„АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЈА ОДБЕЛЕЖА ОСУМГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВЊЕТО
➢ Актуелно (25.10.2021, во 08:50:42)
👁 Прочитано: 734




„АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА“ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ЈА ОДБЕЛЕЖА ОСУМГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВЊЕТО

„Амфенол Технолоџи Македонија“ од Кочани, ја одбележа осумгодишнината од основањето и отвори нов производствен капацитет за производство на кабли за автомобилската индустрија. 
Новиот капацитет овозможува дополнителни вработувања, во работни услови што се во светскиот врв за производство и монтажа на кабли за автомобили, со таканаречен clean room. Наши инженери, техничари и оператори беа на двомесечна обука во странство, со што пренесуваме нови знаења и вештини. Инвестираме и во машини за алатница, во најмодерен софтвер и технологија за оваа намена, истакна Сашко Наков, директор на „Амфенол Технолоџи Македонија“, во соопштение до медиумите.
Погонот е на површина од 3.500 квадратни метри затворен простор, а инвестициите за машините и опремата, кои се најсофистицирани и најсовремени во оваа област, изнесуваат пет милиони евра.
Амфенол вработува 2.300 вработени, а претходната година компанијата стана седми најголем извозник во државата. 

Служба за информирање при Комората