средба во Комората: Пешев - Емра Соработката меѓу земјите ветува успешна економска размена
➢ Актуелно (22.10.2021, во 15:08:04)
👁 Прочитано: 761




Соработката меѓу земјите ветува успешна економска размена

Денес, во просториите на Комората извршниот директор на Стопанската Комора на Северна Македонија м-р Антони Пешев се сретна со Халид Ибрахим Емара, амбасадор на Арпаската Република Египет во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.

На средбата беше констатирано дека постои голем потенцијал за продлабочување на економските односи помеѓу двете земји. Во овој контекст, беа предложени идеи за натамошен развој на соработката во сферата на економијата, директните инвестиции и трговската размена

На членките на комората, амбасадорот им упати покана за посета на саемот за одбрана и безбедност ЕДЕКС кој ќе се одржи во Каиро на крајот на ноември. Со 920.000 воени лица, најголема воена моќ во Африка и една од водечките сили во светот, Египет е идеалната позиција за ваков голем одбранбен и безбедносен настан. Покрај тоа, Египет историски ги одржува континуираните инвестиции во најновото оружје како одбранбена стратегија и ги зајакна националните производствени линии низ низа воени комплекси.

EDEX е целосно поддржан од египетските вооружени сили и претставува сосема нова можност за изложувачите да ја прикажат најновата технологија, опрема и системи низ копно, море и воздух.

Во продолжение Амбасадорот истакна дека добрите односи помеѓу двете држави треба да се искористат за развој на економските односи, особено во делот на енергетиката, транспортот и секако туризмот, кој за Египет е примарна цел.

На средбата беа договорени понатамошни чекори за соработка и промоција на економските придобивки на двете земји од истата.

 

Служба за информирање при Комората