НОВИ МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА СО КОМПАНИИ ОД РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА
➢ Актуелно (21.10.2021, во 16:11:18)
👁 Прочитано: 667




НОВИ МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА СО КОМПАНИИ ОД РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

Во насока на зајакнување на бизнис релациите и отворање нови можности за поврзување и соработка  на компаниите од Република Северна Македонија и Република Турција, Стопанската комора на Северна Македонија ве информира дека во рамки на Унијата на стопански комори и берзи на Турција (ТОББ), е креирана нова виртуелна бизнис платформа.

Македонските компании имаат можност бесплатно да се регистрираат на платформата, да креираат свој профил и да најдат информации во врска нивните идни потенцијални партнери, како што се: производи и услуги што ги нудат, детални спецификации за истите, контакт информации,  информации за нивните деловни побарувања и понуди, како и можности за воспоставување на соработка со турски компании за заедничко инвестирање во проекти, здружување на капиталот, човечки ресурси и експертиза.

Оваа дигитална алатка е одлична можност за Б2Б поврзување на компаниите од двете земји, која нуди опции за реализација на бизнис плановите во зависност од интересот за соработка на компаниите, а истата е достапна на следниот линк: https://tobb2b.org.tr.

 

Служба за информирање при Комората