денес Средба на економски експерти од ВМРО-ДПМНЕ со извршниот директор на Комората
➢ Актуелно (15.10.2021, во 14:24:09)
👁 Прочитано: 986




Средба на економски експерти од ВМРО-ДПМНЕ со извршниот директор на Комората

Денес, во просториите на Стопанската Комора на Северна Македонија, тим од комората заедно со извршниот директор на Комората м-р Антони Пешев се сретна со проф. Д-р Трајко Славески, Член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и проф. Др. Дарко Лазаров, Претседател на Комисијата за економија, инвестиции и туризам на ВМРО ДПМНЕ.

На состанокот се разговараше за актуелните економски прашања, како што се ценовните промени во преработувачката индустрија, најавите за зголемувањето а минималната плата и влијанието на енергетската криза врз економската кондиција на бизнисите.

Служба за информирање при Комората