БАРАЊЕ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДИ за ЛОТ 1 угостителски услуги и за ЛОТ 2 услуги за патување и сместување за Проектот ГАЗЕЛИ
➢ ОГЛАС (06.10.2021, во 12:10:18)
👁 Прочитано: 360




БАРАЊЕ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ  ПОНУДИ за ЛОТ 1 угостителски услуги и за ЛОТ 2 услуги за патување и сместување за Проектот ГАЗЕЛИ

Почитувани,

Стопанска комора на Северна Македонија Ве поканува да доставите понуда за ЛОТ 1 угостителски услуги и за ЛОТ 2 услуги за патување и сместување за Проектот „Организирање на забрзан раст за потенцијалните иновативни МСП (мали и средни претпријатија)‟ - „Газели‟ - (ИНТЕРРЕГ V-5) БАЛКАН МЕДИТЕРАНИАН 2014 – 2020.

За таа цел, Стопанската комора на Северна Македонија спроведува постапка за прибирање понуди за вршење услуги.

Ве молиме да ни ја доставите вашата понуда за горе наведениот предмет најдоцна до 5.11.2021 година, до 15:00 часот, по пошта или на рака во архивата на Стопанската комора на Северна Македонија, (ул. „Димитрие Чуповски“, бр. 13, 1000 Скопје), со назнака: понуда за Проектот “Organizing acceleration for high-potential innovative SME’s”-“Gazelle”-  (INTERREG V-B) BALKAN MEDITERRANEAN 2014-2020 и со назнака: „Не отворај“ или „Да не се отвора“ and/or “Not to be opened before the tender-opening session”.

Со ова Барање ви ја доставуваме потребната документација која ги содржи сите информации кои ќе ви помогнат за изработка на вашата понуда (6.10.2021 II TENDER Organiz.Invest.forums-GAZELLE PROJECT.zip).

Ви благодариме на соработката.

Срдечен поздрав
 

м-р Ирена Мојсовска
Експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување