АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ И КРИЗАТА КОЈА СЕ ЧУВСТВУВА ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР
➢ Актуелно (05.10.2021, во 06:55:59)
👁 Прочитано: 585




АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ И КРИЗАТА КОЈА СЕ ЧУВСТВУВА ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР

Почитувани стопанственици,

Тргнувајќи од актуелните состојби и кризата која се чувствува и во енергетскиот сектор, преку драстично зголемување на цената на електричната енергија, свесни сме дека ова прашање директно многу Ве засега од аспект на редовно и навремено производство со кое ќе ја одржите својата конкурентност и профитабилност во услови кога имате и раскинување на договори на многу не коректен, не професионален и не еснафски начин.

Во таа насока, за да се излезе во пресрет на овие проблеми Владата на РСМ и Стопанската комора на Северна Македонија договорија активност за интервентен увоз на 2 милиони тони високо квалитетен јаглен и тој повик ќе биде јавно објавен денеска. Стопанската комора на Северна Македонија има обврска да ги анимира своите членки да се вклучат во оваа активност под условите објавени во огласот со гарантирано плаќање со рок од 30 дена.

Стопанската комора на Северна Македонија посветено ќе биде заедно со своите членки во целиот период на кризата и за таа цел во петок, 8.10.2021 година ќе организира состанок на кој ќе се дискутира за енергетската криза во присуство на претставници од Владата на РСМ и Регулаторната комисија за енергетика на РСМ. За сатницата на состанокот дополнително ќе Ве информираме и Ве молиме вашиот интерес да го потврдите кај лицето за контакт од Комората, по што ќе добиете линк за вклучување на состанокот (Љупка И. Самарџиска, моб.: 070 389 636, е-адреса: ljupka@mchamber.mk).

За цело време на енергетската криза извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија, г-дин Антони Пешев е задолжен да ги координира овие активности.

Доколку имате потреба од комуникација што подразбира информирање за актуелните проблеми и барање за разрешување на истите, Комората ви е на располагање 24 часа.

Бранко Азески
Претседател на Стопанска комора на Северна Македонија