Средба Герасимовски-Пешев: Посети во компании за поголема заштита на правата од индустриска сопственост
➢ Актуелно (16.09.2021, во 10:09:36)
👁 Прочитано: 463




Средба Герасимовски-Пешев: Посети во компании за поголема заштита на правата од индустриска сопственост

Извршниот директор на Стопанска комора на Северна Македонија, Антони Пешев, оствари работен состанок со  директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Горан Герасимовски, на кој се дискутирало за организација на индивидуални посети на компаниите членки на комората, со цел подигнување на свеста за бенефитите од заштита на правата на индустриска сопственост.

Преку тие активности компаниите ќе имаат можност да ја осознаат улогата на заштитата во унапредување на нивните бизнизи, како и постапката за заштита, за која ДЗИС обезбедува соодветна поддршка.

– Дополнително, експерти од областа на индустриска сопственост ќе објаснуваат како може да се користат електронските меѓународни бази на EPO, WIPO и EUIPO за следење на светските трендови кај иновациите и новите технологии во светот, истакнаа од ДЗИС.

Посетите ќе се изведуваат во секоја компанија индивидуално и се целосно почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.

Служба за информирање при Комората