Амбасадорот на Исламската Република Иран во посета на Стопанската комора на Северна Македонија
➢ Актуелно (10.09.2021, во 13:46:08)
👁 Прочитано: 182




Амбасадорот на Исламската Република Иран во посета на Стопанската комора на Северна Македонија

На 10 септември 2021 година, во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија се одржа работен состанок меѓу Амбасадорот на Исламската Република Иран задолжен за Република Северна Македонија со седиште во Бугарија, Н.Е. Сајед Мохамад Џавад Расули и потпретседателката на Стопанската комора на  Северна Македонија, д-р. Јелисавета Георгиева-Јовевска. На средбата се разговараше за можностите за зголемување на соработката и трговската размена помеѓу двете земји.
Амбасадорот Расули потенцираше дека Исламската Република Иран е насочена кон зајакнување на економската соработка меѓу двете земји и поттикнување на потенцијалите коишто постојат.

– Амбасадата е подготвена да обезбеди поддршка и да иницира нови форми на соработка меѓу стопанствениците што би резултирало со зголемување на економската и трговската размена помеѓу двете земји.– додаде амбасадорот Керими.

Д-р. Георгиева-Јовевска додаде дека постои голема можност за ревитализирање и продлабочување на билатералните и економските релации меѓу двете земји.

- Неопходно е приватниот сектор да биде главниот носител на економскиот раст. Преку размена на информации и  склучување партнерства меѓу бизнис заедниците од двете земји, ќе се креира можност за пробивање на македонските компании и пласман на нивните производи на нов пазар со голем потенцијал, додека пак Иран на Македонија може да и понуди нови технологии и “know-how”, од коишто и двете страни ќе имаат бенефит- истакна потпретседателката Георгиева- Јовевска.

Вкупната трговска размена за  периодот јануари – јуни 2021 година изнесува 12,07 милиони САД $, и е со раст од 263,5% во однос на истиот период 2020 година. Извозот изнесува 173 илјади САД $, со раст од 129,38% додека увозното салдо изнесува 11,9 милиони САД $, и е исто така со раст од 266,63% во споредба со компарираниот период лани. Трговскиот дефицит изнесува 11,7 милиони САД$. Исламска Република Иран е 47-ми трговски партнер во надворешно-трговската размена на Република С. Македонија во период јануари - јуни 2021 година.
 

Служба за информирање при Комората