ПЕЧАТНИЦАТА „КИРО Д. ДАНДАРО“ ОД БИТОЛА СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 1.600.000 ЕВРА
➢ Актуелно (07.09.2021, во 13:52:10)
👁 Прочитано: 1563




ПЕЧАТНИЦАТА „КИРО Д. ДАНДАРО“ ОД БИТОЛА СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 1.600.000 ЕВРА

Печатницата „Киро Д. Дандаро“ ја претставува графичката индустрија во Републиката. Со примена на современите принципи на работење и на најсовремената технологија, ја потврди сопствената лидерска позиција, како на територијата на нашата држава така и пошироко, на територијата на повеќе балкански и светски држави, со што стана пример за една од најуспешните деловни приказни.

Како и многупати досега во својата богата историја така и денес, Печатницата „Киро Д. Дандаро“ од Битола и нејзиниот менаџмент, на чело со генералниот директор, г. Драги Милошевски, со успешното менаџирање и со тимот изграден од професионалци не само што успеаја да ја задржат лидерската позиција на пазарот туку со своето совесно и одговорно однесување и со професионалниот однос кон потрошувачите станаа пример за успешна компанија. А само оваа година во споредба на минатат извозот е зголемен за повеќе од 54 %

Печатницата „Киро Д. Дандаро“ располага со најсовремена технологија, ги следи достигнувањата на европско и на светско ниво во графичката индустрија, користејќи високософистицирана комбинација на технологии.

Најновата инвестиција на Печатницата АД „Киро Дандаро“ – Битола, во износ од 1.600.000 евра, е флексо-машина во 8 бои од германскиот производител BOBST (Fiser&Kreke), која ќе започне со монтажа на 9.9.2021 (петок). Карактеристиките на оваа машина се: брзина која е 400 метри во минута, над 30 % зголемување на  сопствениот капацитет, современа автоматика и квалитет со импозантни резултати. Од оваа компанија најавуваат дека ќе продолжат со инвестициите бидејќи инвестициите во нови машини ќе овозможат подобрување на ефикасноста на компанијата, заштита на животната средина и висока култура во деловното работење.

Служба за информирање при Комората