ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА „ОТВОРЕН БАЛКАН“
➢ Актуелно (25.08.2021, во 08:05:53)
👁 Прочитано: 1045




ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА  „ОТВОРЕН БАЛКАН“

Точно уште 176 дена од прославата на 100-годишнината на коморскиот систем во нашата земја и уште еден значаен настан во Република Северна Македонија, што е резултат на реализирање на уште една од иницијативите на Стопанската комора на Северна Македонија, што ќе ја обележи новата ера на бизнисот кај нас, и во регионот.

Новата ера на регионална соработка започнува со иницијативата за „Отворен Балкан“ што ќе овозможи регионално поврзување за соработка и слободен проток на патници, стока, капитал и услуги помеѓу Република Северна Мскедонија, Република Србија и Република Албанија. Помеѓу трите земји, преку непречено движење и без царини на границите, ќе се олесни трговијата, движењето на граѓаните, протокот на услугите и развојот на економијата. Иницијативата беше официјализирана на Економскиот форум за регионална соработка што се одржа на 29 јули во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, организиран од коморите на трите земји: Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на Србија и Унијата на трговско индустриските комори на Албанија. Форумот, беше можност, пред повеќе од 400-тина стопанственици од трите земји, од страна на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, да се потпишат меморандуми и договори: Меморандум за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки на Западен Балкан, Меморандум за слободен пристап на пазарот на трудот на Западен Балкан и Договор за соработка за заштита од катастрофи на Западен Балкан.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, приреди вечера за најзначајните бизнис лидери од Албанија, Србија и Северна Македонија во пресрет на одржување на форумот „Отворен Балкан“.

За да оставиме траг за позначајните настани на Комората, по повод 100 –годишнината од коморскиот систем, разговајќи со претседателот Азески, дојдовме до идеја низ фотографии да се забележи сѐ што се случуваше, пред и за време, на регионалниот форум „Отворен Балкан“.Фотографиите се дел од амбиентот на вечерата на која се придружија и премиерите Зоран Заев и Еди Рама и главниот извршен директор на НЛБ, Блаж Бродњак. Атмосферата придонесе порелаксирано да се дочека самитот на кој требаше да се донесат крупни и тешки одлуки. Музиката се потруди да направи релаксирачка атмосфера со најдобрите песни од трите држави. Но фотографски е забележан и самиот настан на Економскиот форум за регионална соработка „Отворен Балкан“

Секој на свое место. Во Стопанската комора на Северна Македонија, тоа е правило што се почитува од 2005 година


Билјана Пеева Ѓурик, оперативниот директор и Даниела Михајловска Василевска, менаџер за претставување на членките и вмрежување во Комората, го пречекуваат претседателот, Азески

 

Оперативен разговор со странските инвеститори


Билјана Пеева Ѓуриќ, оперативен директор во Стопанската комора на Северна Македонија и Виктор Мизо, главен генерален директор на „Костал“ ДООЕЛ, Охрид со Боријан Борозанов, главен извршен директор на „Џонсон Мети“, ДООЕЛ, Скопје и Ајдуван Адемоски, почесен конзул на Турција во Македонија и истакнат бизнисмен.

 

Комората од 2005 година почива на висок професионализам, а клучен кадровски потецијал се жените


Билјана Пеева Ѓурик, оперативниот директор и Даниела Михајловска Василевска, менаџер во Комората со д-р Татјана Штерјова Душковска, генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум за земјите од Западен Балкан

 

Блаж Бродњак, главниот извршен директор на Групацијата НЛБ, Љубљана најавува ексклузивни информации за претседателот Азески


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески со Блаж Бродњак, главниот извршен менаџер на Групацијата НЛБ, Љублана.
Во позадина Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на „НЛБ банка“ Скопје и Свето Јаневски, сопственик на групацијата М6.

 

Едукација на „бизнис легендата“ Свето Јаневски  за тројца негови добри другари


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Азески со Свето Јаневски сопственик на групацијата М6; Блаж Бродњак, главниот извршен менаџер на Групацијата НЛБ, Љублана и Илија Гечев, сопственик на „ИГМ“, ДОО, Кавадарци

 

Српско-албанската коалиција слуша, а македонско-словенечката се забавува


Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија, Васил Наци, сопственик на бизнис групацијата, „Агна Груп“ од Албанија; Блаж Бродњак, главниот извршен менаџер на Групацијата НЛБ, Љублана и Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на „НЛБ банка“ Скопје.

 

Македонско-албански бизнис дует на кој јасно се гледа кој  пее, а кој слуша


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Азески и Инес Мукостепа, претседател на Унијата на коморите на Албанија

 

Двајца бивши високо рангирани политичари во македонската и српскaта влада


д-р Кочо Анѓушев, поранешен заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и Александар Антиќ, поранешен министер за енергетика и рударство во Владата на Република Србија - сега и двајцата успешни бизнисмени

 

Вашето место Господа премиери е тука!


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија со Зоран Заев, претседател на Владата на Република Северна Македонија и Еди Рама, претседател на Владата на Албанија

 

Те чекам во Албанија, да видиш што е „држава“


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Азески со Еди Рама, претседател на Владата на Албанија

 

Не ти е местото со Еди Рама, туку со мене


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Азески со Васил Наци, сопственик на бизнис групацијата, „Агна Груп“ од Албанија

 

Потпретседателе, Љубљана е на север, земи си капут


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на „НЛБ банка“

 

Претседателе, доаѓа Марко Чадеж, сигурно е вакциниран!


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Азески со Зоран Заев, претседател на Владата на Република Северна Македонија

 

Што прави другар ми Бранко Грегановиќ?


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески со Блаж Бродњак, главниот извршен менаџер на Групацијата НЛБ, Љублана и Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на „НЛБ банка“ Скопје.

 

Ајде аирлија да е, ни се исплати кинењето чевли (јадењето бурек во Башчарчија) по Балканот


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и Свето Јаневски, сопственик на групацијата М6.

 

Не ми го дадовте „БИП“, не ви го дадов „КИГИЛИ“ сега можете да ги отварате границите


Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија и Свето Јаневски, сопственик на групацијата М6.

 

Јас ќе ти наместам пенал, ти погоди ја целта


Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија и Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

 

Горане, Отоманската империја пропадна од советници


д-р Горан Свилановиќ, советник на претседателот Азески за регионални прашања; д-р Кочо Анѓушев, поранешен заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија и Свето Јаневски, сопственик на групацијата М6

 

Бизнисот напред


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија со Еди Рама, претседател на Владата на Албанија

Но, тоа што се случи на 29 јули, имаше свој почеток во 2019-тата година на Балканскиот “Давос“, Копаоник Бизнис форумот, каде претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, го покрена прашањето за функционирањето на ЦЕФТА и за содавање на нова бизнис платформа за Западен Балкан.

Еве како тоа го пренесоа дел од медиумите (пренесено во оригинал):

Цефта клинички мртва ( 19.03.2019, Политика)

Потребан је нови облик организације и сарадње између држава региона који ће елиминисати слабости Цефте, предлаже Бранко Азески, председник Привредне коморе Северне Македоније

Цефта је мртва – чуло се први пут директно, и то из уста Бранка Азеског, председника Привредне коморе Северне Македоније. Ово је без увијања рекао на „Копаоник бизнис форуму”, оценивши да је време за нови аранжман под покровитељством ЕУ, којим би се обезбедили механизми да се споразум поштује, што сада није случај.

– Имамо проблем између чланица Цефте и немамо механизам да се то превазиђе. Мислим да треба да се роди нешто ново, неки нови облик организације и сарадње између нас, који ће елиминисати слабости Цефте. Владе не могу да вуку неодговорне потезе и да за то не сносе одређене санкције. На овакав начин пуштамо сигнал Бриселу да нисмо спремни да међусобно сарађујемо. Показали смо да нисмо на нивоу задатка и да нисмо способни да се носимо с тим, па како ћемо онда да уђемо у ЕУ? – рекао је Азески новинарима на „Копаоник бизнис форуму”.

Он сматра да у Бриселу треба да се договори нова врста споразума, а државе које га не буду поштовале морају да сносе санкције. Јер такав механизам већ постоји у ЕУ. Нови механизам треба да се изгради тамо, да се потпише и да се људи осећају одговорно. ЕУ би била гарант тог процеса.

– Овако како ми то користимо, у политичке сврхе, рушење је темељних принципа Цефте. Политички капацитет балканских држава које учествују у томе на тако је ниском нивоу заједништва и сарадње да не гарантује успех. У фази имплементације не можемо ништа да направимо. Ми смо сјајни да изградимо решење, да се декларишемо да је то најбоље и када наиђемо на прву препреку – одустајемо. То је наш традиционални менталитет, који мора да се мења – изјавио је председник Привредне коморе Северне Македоније.

 

Да ли је Цефта у садашњем облику мртва, треба ли нова (24.03.2019 год. Танјуг)

После Европске уније, регион Цефта други је по важности спољнотрговински партнер Србије, а прошле године њена укупна трговина с том организацијом достигла је 4,2 милијарде евра.

Председник Македонске привредне коморе Бранко Азески је оценио да се Цефта показала као промашај, односно да је "мртва". Он сматра да је потребан нови облик организације и сарадње измеду држава региона који ће елиминисати слабости Цефте, односно да је време за нови аранжман под покровитељством ЕУ.

Како каже, у Бриселу треба да се договори нова врста споразума, а државе које га не буду поштовале морају да сносе санкције.

"Нови механизам треба да се изгради тамо, да се потпише и да се људи осећају одговорно. ЕУ би била гарант тог процеса. Имамо проблем измеду цланица Цефте и немамо механизам да се то превазиђе. Мислим да треба да се роди нешто ново, неки нови облик организације и сарадње, који це елиминисати слабости Цефте. Владе не могу да вуку неодговорне потезе и да за то не сносе одредене санкције", рекао је Азески.

Према његовим речима, ако се настави овако, даје се сигнал Бриселу да земље Цефте нису спремне да међусобно сарађују, да нису на нивоу задатка и нису способне да се носее с тим.

 

Neće više biti jednostranih taksa na srpsku robu (26.09.2020, Политика)

Region je dobio „mali šengen”, koji bi trebalo da ubrza protok ljudi, robe, usluga i kapitala, ali je ovog puta garant tog sporazuma Amerika

Kada je Branko Azeski, predsednik Privredne komore Severne Makedonije, pre godinu i po dana na „Kopaonik biznis forumu” otvoreno i bez uvijanja izgovorio da je Cefta mrtva i da je regionu potreban novi aranžman pod pokroviteljstvom Evropske unije kojim bi se obezbedili mehanizmi da se sporazum poštuje – ni sanjao nije da će se to stvarno desiti.

Region je dobio „mali šengen”, koji bi trebalo da ubrza protok ljudi, robe, usluga i kapitala, ali je ovog puta garant tog sporazuma Amerika. „Mali šengen” je deo sporazuma koji je početkom septembra potpisan u Vašingtonu, što je značajno za našu zemlju, koja je najveći izvoznik u regionu i koja je zbog zatvaranja tržišta južne pokrajine izgubila više od pola milijarde evra za samo dve godine.

 

27.03.2021, Политика

Postoje dve čarobne reči za nerad – ne znam i ne mogu. No postoje i dve reči za znanje i umeće – biznis I regionalna saradnja. Biznis prolazi i tamo gde niko ne moze da prođe, a regionalna saradnja, to ti je polje koje vecno hrani biznis. Samo onaj ko je budala ne moze to da shvati.

Svuda po svetu imaš budala, ali na Balkanu je njihova centrala. E, ovo sto smo sada napravili je sasvim suprotno od svega prethodno rečenog Biznis zajednica Zapadnog Balkana predvođena Markom Čadezom u okviru Komorskog Investicionog Foruma, u samo tri dana je dokazala u kom pravcu reba da se usmeri zapadnobalkanski brod – najpre u regionu, i u jednom pravcu – u biznis. Biznis je ta čarobna reč koja ce staviti po stranu i nacionalizme, i svadje, i netrpelivost, pa i frustracije.

 

Azeski uoči ekonomskog foruma u Skoplju: Otvoriti Balkan, zatvoriti istoriju (24.07.2021, Večernje novosti )

Sadašnje političke elite Srbije, Albanije i Severne Makedonije imaju političku volju da rešavaju ekonomske probleme i zato pozivam privrednike iz regiona da iskoristimo taj trenutak i da se ujedinimo kako bi napravili neophodan korak ka uspešnoj integraciji, kaže predsednik Privredne komore Severne Makedonije Branko Azeski u susret ekonomskom forumu u Skoplju.

Azeski za Tanjug ocenjuje da na Balkanu uvek ima previše istorije, a premalo zajedničkog biznisa, dok nove generacije traže da se to promeni.

Govoreći o mogućim temama predstojećeg foruma o regionalnoj saradnji, on kaže da su te teme na Balkanu dobro poznate, ali je problem što je nedostajala politička volja za njihovo rešavanje.

"Cilj svih inicijativa koje se spominju pred samit, i inače, su četiri slobode, a to su slobodni protok robe, usluge, ljudi i kapitala, ali je suštinsko pitanje njihove implementacije. To je pokazao i poslednji samit u Berlinu, na kome nije postignuta saglasnost ni za jednu odluku oko operacionalizacije principa ove četiri slobode, jer je uvek bilo nekog nadmudrivanja, blokada administracije, odlaganja", objašnjava Azeski.

Kao primer navodi da "One Stop Shop" na graničnom prelazu Tabanovce-Preševo, koji je uspostavljen avgusta 2019. godine i danas, posle dve godine, funkcioniše na stari način.

Azeski navodi da mu, kao čoveku sa dugim biznis iskustvom u regionu, smeta što birokratsko okruženje koči privredu i daje primat formi, a ne sadržini.

"Nama su potrebni konkretni potezi koji će jednostavno rešiti pitanje infrastrukture između naših zemalja, omogućiti uzajamno priznavanje sertifikata i ostalih dokumenata, zajednički nastup na trećim tržištima, zajedničke proizvode, eliminisanje sive ekonomije i korupcije, smanjenje troškova država i popravljanje životnog standarda stanovništva", kaže sagovornik Tanjuga.

Najavljenu inicijativu predsednika Srbije Aleksandra Vučića o formiranju tzv. "brzih traka" za brži prolaz ljudi iz regiona na graničnim prelazima ocenjuje kao dobru.

Dodaje, međutim, da privatni sektor, u vreme digitalizacije i najsofistiranijih rešenja za praćenje nedozvoljenih kriminalnih aktivnosti, želi eliminisanje graničnih prelaza i dugih redova kamiona koji, kako navodi, postoje samo još kod nas.

Odgovarajući na pitanje šta Privredna komora Severne Makedonije predlaže kako bi se olakšalo privrednicima, kaže da ova komora ne samo da ima predloge nego i konkretne rezultate na tom planu.

"Za 25 godina postojanja problema sa imenom sa Helenskom Republikom privreda je radila, Grčka je bila naš drugi investitor i treći trgovinski partner i mi smo bili taj most koji je održavao odnose bez ikakvih problema četvrt veka. To je konkretan pozitivan primer, koji priznaju svi, a zasnovan je na činjenicama i brojkama", navodi Azeski.

Dodaje da privrednici grade mostove između, kako navodi, feudalnih koncepata isfrustriranih država na Balkanu i poručuje da je njima dosta zatvorenosti, korupcije, sive ekonomije, jeftine radne snage.

"Nećemo više ponižavanja da smo nesposobni da se integrišemo u međunarodnu zajednicu i da uvek neko sa strane treba da rešava naše probleme", ističe Azeski.

Zato će, naglašava predsednik Privredne komore Severne Makedonije, njihova poruka sa skupa biti jasna i tražiti da se "otvori Balkan, zatvori istorija, ujedini biznis i donete odluke primene bez obzira na otpore konzervativnih snaga".

 

Важните прашања заслужуваат да бидат разгледувани со внимание и на соодветен начин. Ако во 2019 година, новата регионална соработка беше идеја, изнесена од преседателот Азески, годините подоцна, работеше на нејзина реализација што се покажа и со воспоставените т.н. Зелени коридори за движење на стоки на нашите граници за време на кризата Ковид 19. Кулминацијата ја достигна со одржување наЕкономскиот форум за регионална соработка „Отворен балкан“ и потпишувањето на меморандумите за соработка, со што идејата стана реалност, а успехот на овој процес се очекува од соработката на трите земји за да можат да се испорачаат резултатите: без граници од 2023 година и со признати работни дозволи и квалификации на работниците од 2022 година помеѓу Северна Македонија, Србија и Албанија.

Почетокот на Форумот започна со една значаен настан, доделување на благодарници од страна на претседателот Азески на две личности: претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, кој го направи првиот чекор во заедничкото дејствување во бизнис заедницата на Западен Балкан 6 со акцијата за вакцинирање на 27 и 28 март 2021 година, и на претседателот на Стопанската комора на Србија и претседател на Коморскиот инвестициски форум, Марко Чадеж, за заедничката реализација на вакцинацијата на бизнисмени од регионот во Србија. На доделувањето на благодарниците присуствуваа и д-р Горан Свилановиќ, советник на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија за регионални прашања и Светозар Јаневски, член на Бизнис советот на КИФ.

„Едно големо благодарам за сè што направивте за поддршка на бизнис заедницата во услови кога светската пандемија предизвикана од Ковид-19 вирусот беше во најголем ек“ беше доволно да изјави претседателот Азески, при врачувањето на благодарницата на претседателот Вучиќ.

Претседателе, нашата иницијатива беше во вистинскиот момент, но вашиот експресен одговор не изненади сите и тоа мора да се одбележи


Форумот, како и сите значајни настани, започна со официјалното обраќање на двајцата премиери на Северна Македонија и Албанија и претседателот на Србија, но економската суштина ја доби со економскиот панел и со учество на претседателите на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж и Унијата на трговско-индустриски комори на Албанија, Инес Мукостепа.

И неслучајно, за формирањето на единствен балкански пазар, претседателот Азески, побара од политичките лидери поддршка во напорите да се стави крај на грдите слики на граничните премини кои го фрустрираат бизнисот и конечно да исчезнат колоните камиони од граничните премини.

„Бизнисот сака Отворен Балкан и обединување. На компаниите, им е доста им е од затвореност, сива економија и ефтина работна сила“ беше пораката на претседателот на Комората, Бранко Азески на форумот.

Колку и да звучи едноставно, тоа бара поддршка од сите учесници: владата, комората, бизнис заедницата и останатите институции на трите земји и креирање на еден нов систем и иновативна стратегија во работењето. Регионалната економска соработка, треба да се заснова на стимулации за дигитализација на јавната администрација, стимулации за искористување на интелектуалниот потенцијал на нашите луѓе преку финансирање на иновации и креативни индустрии, стимулации за зајакнување на енергетскиот сектор преку зголемување на уделот на обновливи извори на енергија и постојана грижа за јавното здравје преку зачувување на туризмот и еколошкиот потенцијал на Балканот. За ова, ни е потребен сериозен напор за заштита на животната средина и деловната одржливост преку поддршка и целосно спроведување на принципите на циркуларната економија.

Добро е што не ни се гледаат чевлите, бидејќи стилот на тројцата беше „тубелес“


Чадеж, Бранко и Инес, тројката од КИФ, лидери во „Отворен Балкан“


Вучиќ, Заев и Рама- изненадија со својата едноставност и логика


Ако потпишувањето на меморандумите беше главниот фокус на целиот настан на бизнис форумот, не помалку значајни беа одржаните, повеќе од 200 деловни средби (Б2Б) помеѓу стопанствениците, што беше и суштината на бизнис форумот: вмрежување на бизнис-партнерите од трите земји за заедничка регионална економска соработка на балканскиот пазар, но и заеднички настап на трети земји. На бизнисот не му треба совети, туку точно тоа што се направи на регионалниот бизнис форум: поддршка за вмрежување, олеснување на сите давачки што доаѓаат од државата и решителна непопулистичка поддршка на владите.

ВМРЕЖУВАЊЕ

 

ВМРЕЖУВАЊЕ

 

Коментарите на фотографиите се лично на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и тие ја изразуваат првична реакција на претседателот Азески при гледањето на секоја слика. Претседателот Азески, однапред се извинува ако некој тоа го доживее на личен начин, бидејќи намерата му беше да придонесе за релаксирање на атмосферата пред регионалниот самит „Отворен Балкан“, но и да се забележи што се случуваше на самиот форум.


ОСТВАРУВАМЕ, ИМПЛЕМЕНТИРАМЕ!

* Сликите се за интерна употреба.  Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење лајкови од овој сајт е строго забрането. 

м-р Наташа Јаневска
Експерт во организационата целина за претставување на членките и вмрежување