НАЈАВА ЗА СПЕЦИЈАЛНА РЕПОРТАЖА НА М-Р НАТАША ЈАНЕВСКА ЗА ЕКОНОМСКИОТ БИЗНИС ФОРУМ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА „ОТВОРЕН БАЛКАН“
➢ Актуелно (23.08.2021, во 08:05:08)
👁 Прочитано: 924




НАЈАВА ЗА СПЕЦИЈАЛНА РЕПОРТАЖА НА М-Р НАТАША ЈАНЕВСКА ЗА ЕКОНОМСКИОТ БИЗНИС ФОРУМ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА „ОТВОРЕН БАЛКАН“

Во специјалната репортажата низ текст, натписи од медиумите, коментари и низ 27 слики ќе видите што се случуваше пред, и за време на Економскиот бизнис форум за регионална соработка „Отворен Балкан“, што се одржа на 29 јули во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Форумот беше организиран од страна на Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на Србија и Унијата на трговско индустриските комори на Албанија.

Репортажата дава ексклузивни информации кога, и од каде потекна идејата за новата платформата „Отворен Балкан“ и како во тоа време беше пренесена од страна на балканските медиуми, но и низ натписите ќе забележите како течела иницијативата за „Отворен Балкан“ , до нејзината конечна реализација.

Низ ексклузивните слики можете да видите и како се дружеа стопанствениците од трите земји, на вечерата пред самиот форум, организирана од Стопанската комора на Северна Македонија, и како сериозно дискутираа на самиот форум и се вмрежуваа за еден заеднички регионален пазар, но и заедничките настапи на тројцата претседатели на коморите од трите земји.

Служба за информирање при Комората