БЛАГОДАРНИЦА ОД АЗЕСКИ И ГЕОРГИЕВА-ЈОВЕВСКА ЗА ДОЛГОГОДИШНАТА СОРАБОТКА СО Г-ДИНОТ НИКОЛАЈЧО НИКОЛОВ
➢ Актуелно (11.08.2021, во 15:17:41)
👁 Прочитано: 776




БЛАГОДАРНИЦА ОД АЗЕСКИ И ГЕОРГИЕВА-ЈОВЕВСКА ЗА ДОЛГОГОДИШНАТА СОРАБОТКА СО Г-ДИНОТ НИКОЛАЈЧО НИКОЛОВ

Почитуван г-дине Николајчо,


Во името на членките на Стопанската комора на Северна Македонија и во наше име бидејќи со вас лично соработувавме повеќе од 15 години, сакаме да Ви се заблагодариме за несебичната поддршка која ја дававте на нашата институција преку Вашето учество во работата во органите и телата на Комората, како претседател на МАР, член на Собранието и член на Управниот одбор на Комората во целиот изминат период почнувајќи од 2005-та година па се до денес.

Поддршката која ја дававте целиот изминат период преку Вашата експертиза во областа, Вашиот професионализам и пристап и Вашето позиционирање како член на нашето коморско семејство за нас значи збогатување на целокупното работење и оставање позитивен печат за идните генерации.


Ви посакуваме многу здравје и среќни пензионерски денови!

Искрена благодарност од
Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Северна Македонија
д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, потпретседател на Комората

 

МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА РУДАРСТВО-МАР

Николајчо Николов, БУЧИМ, Радовиш (Претседател на МАР од 2007 до 2021 година)

Македонската асоцијација на рударството е формирана на 25.11.2005 година со цел да ги обедини компаниите кои вршат експлоатација и преработка на минерални суровини во нашата држава и да овозможи заеднички настап на рударските деловни субјекти во реализација на своите бизнис интереси.

Од досегашната работа на оваа Асоцијација постигнати се значителни резултати, МАР доби свое значење во коморското работење и стана препознатилив партнер на сите нивоа во работењето на Комората и државата воопшто. МАР стана легитимен, препознатилив и ценет партнер на Министерстово за економија и Секторот за минерални суровини, придонесувајќи да се подобрува Законот за минерални суровини и носат нови закони.

МАР учествуваше на повеќе меѓународни настани и симпозиуми презентирајќи го македонското рударство.

 

Бранко Азески
Претседател на Стопанска комора на Северна Македонија