Македонски Телеком ќе донира 2 милиони денари за граѓаните погодени од пожарите
➢ Актуелно (07.08.2021, во 12:47:08)
👁 Прочитано: 989




Македонски Телеком ќе донира 2 милиони денари за граѓаните погодени од пожарите

Македонски Телеком ќе донира два милиони денари за помош на граѓаните кои живеат во областите погодени од големите пожари. Донацијата ќе се реализира во соработка со Црвениот Крст на РСМ. Техничките екипи на Македонски Телеком се постојано на терен, за да ги санираат штетите од пожарите на телекомуникациската опрема. Благодарение на овие вонредни активности, мрежата засега е функционална, а граѓаните остануваат поврзани. Во соработка со Црвениот Крст, ставен е во функција и бројот за донации 143 400 на кој секој може да донира. Пожарите предизвикаа голема материјална и емотивна штета на голем број наши сограѓани и наша обврска, како општествено одговорна компанија е да покренеме иницијатива за помош, која се надеваме ќе ја следат и останатите приватни компании.

Служба за информирање при Комората