Барање за поднесување на понуди за угостителски услуги SEEtheSkills
➢ ОГЛАС (23.07.2021, во 16:57:35)
👁 Прочитано: 412




Барање за поднесување на понуди за угостителски услуги SEEtheSkills

Почитувани,

Стопанската комора на Северна Македонија Ве поканува да доставите понуда за угостителски услуги за Проектот: „Одржливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вредни“ - Sustainable EnErgy Skills in construction: Visible, Validated, Valuable“ - (SEEtheSkills) финансиран од Европската комисија, повик за стимулирање на побарувачката за одржливи енергетски вештини во градежниот сектор, во рамки на Хоризонт програмата „H2020-LC-SC3-EE-3-2019-2020“.

За таа цел, Стопанската комора на Северна Македонија спроведува постапка за прибирање понуди за вршење услуги.

Ве молиме да ни ја доставите вашата понуда за горе наведениот предмет најдоцна до 10.8.2021 година, до 15:00 часот, по пошта или во архивата на Стопанската комора на Северна Македонија (ул. „Димитрие Чуповски“, бр.13, 1000 Скопје), со  назнака: понуда за Проектот „држливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вредни“.

Со ова Барање ви ја доставуваме потребната документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на вашата понуда. (3-20.7.2021-барање-за-поднесување-на- понуди-за-угостителски-услуги-SEEtheSkills.pdf)

Ви благодариме на соработката.
Стопанска комора на Северна Македонија

Служба за информирање при Комората