Аплицирајте за наградите Go Global Awards 2021
➢ ОГЛАС (12.07.2021, во 13:30:02)
👁 Прочитано: 544




Аплицирајте за наградите Go Global Awards 2021

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот за прв пат е дел од доделувањето на признание на компаниите на меѓународно ниво на Go Global Awards 2021, а директорот на Агенцијата Дејан Павлески е еден од 14-те судии кои ќе ја вршат селекцијата на пријавените светски компании.

Наградите “Go Global” се во организација на Меѓународниот трговски совет (International Trade Council) кој постои од 1956 година.

Во таа нaсока на иницијатива на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Ве покануваме да пријавите учество на овој престижен избор на најдобрите бизниси во светот.

Ова е одлична можност за македонските компании да станат дел од заедница во која ќе споделуваат идеи, создаваат партнерства и ќе ги надополнуваат нивните постоечки знаења и врски.

Аплицирањето за Go Global наградите е бесплатно, а Агенцијата во целост им стои на располагање на домашните компании.

Дознајте повеќе за наградите на www.goglobalawards.org

Служба за информирање при Комората