ОДРЖАНА РЕДОВНАТА КВАРТАЛНА СРЕДБА МЕЃУ АСОЦИЈАЦИЈАТА НА СТРАНСКИ КОМПАНИИ СО ТЕХНОЛОШКО НАПРЕДНО ПРОИЗВОДСТВО И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА БИТИЌИ СО ЕКОНОМСКИ ТИМ НА ВЛАДАТА
➢ Актуелно (30.06.2021, во 19:11:20)
👁 Прочитано: 697



-Сумирање на барањата од претходната квартална средба и договарање на рокови за реализација, преку конструктивна соработка и континуирана поддршка од Владата-
ОДРЖАНА РЕДОВНАТА КВАРТАЛНА СРЕДБА МЕЃУ АСОЦИЈАЦИЈАТА НА СТРАНСКИ КОМПАНИИ СО ТЕХНОЛОШКО НАПРЕДНО ПРОИЗВОДСТВО И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА БИТИЌИ СО ЕКОНОМСКИ ТИМ НА ВЛАДАТА

На 30.06.2021 година Стопанската комора на Северна Македонија,  се одржа редовната квартална средба на Асоцијацијата на странски компании со технолошкo напредно производство при Советот на странски инвеститори во Комората, предводена од Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата,  со Потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи.

На средбата  присуствуваа и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески, како и претставници од други министерства и владини агенции и дирекции кои третираат и работат на теми поврзани со странските инвестиции. На истата се дискутираше за приоритетните прашања на Асоцијацијата, предложените решенија, како и ставот на Владата vs нив и потребата од превземање  активности во тој поглед.

Посебно беа потенцирани  предизвиците со кои се соочуваат странските компании при секојдневното работење кои се систематизирани во повеќе области инкорпорирани во законски или подзаконски решенија, прашања поврзани со царинскиот тарифник и даночниот систем, Недела неработен ден, како и други прашања од тековното работење на странските компании.

Од страна на вицепремиерот Битиќи се потенцираше дека Владата континуирано работи на подобрување на климата за водење на бизнис во земјата, креирајќи  соодветни стратегии, политики, програми и конкретни мерки со кои се подобрува конкурентноста на економијата и компаниите, кои пак од своја страна овозможуваат  создавање на услови за побрз и одржлив економски раст и развој. Воедно, тој ја истакна и потребата од континуирани средби од овој тип, како би се овозможила  поефективна и поефикасна практична апликација на донесените заклучоци.

Од состанокот, на конструктивен начин точка по точка се потенцираше реализацијатата и статусот на поднесените барања од членките на Асоцијацијата, а произлезе и формирање на работна група составена од претставници од Асоцијацијата, Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Северна Македонија со претставници од кабинетот на Битиќи и Министерството за труд и социјална политика во врска со подготовка на подзаконски акти произлезени од Законот за работни односи и Недела неработен ден, како и работна група за инкорпорирање на забелешките на Асоцијацијата во Законот за странци.

Следната средба е договорена да се одржи во втората половина на месец септември 2021 година.

Служба за информирање при Комората