СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - КАДРОВСКА ДОЕКИПИРАНОСТ И ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА СОСТАВОТ НА ОРГАНИТЕ И ТЕЛАТА НА КОМОРАТА
➢ Актуелно (15.06.2021, во 13:22:14)
👁 Прочитано: 618




СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - КАДРОВСКА ДОЕКИПИРАНОСТ И ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА СОСТАВОТ НА ОРГАНИТЕ И ТЕЛАТА НА КОМОРАТА

Во насока на активностите за остварувањето на основните постулати утврдени во Стратешките правци за натамошниот развој на Стопанската комора на Северна Македонија, кои органите на Комора ги усвоија во 2019 година, со цел Комората да биде современа бизнис-асоцијација, кадровски опремена на високо ниво со солидна оперативна организираност и мал функционален професионален апарат, за потпретседатели на Стопанската комора на Северна Македонија од Стручната служба на Комората се избраа кандидати кои имаат долгогодишно коморско искуство и вклученост во коморските активности и произлегуваат од Комората:

 

  • м-р Анета Трајковска,
  • д-р Елена Милевска Штрбевска,
  • м-р Зоран Јовановски, и
  • д-р Јелисавета Георгиева Јовевска.

Паралелно, поради реализација на сите поставени цели согласно наодите од документот „Македонската економија во тековниот период и во постковид 19 периодот“, посебно со оглед на фактот што никој во светот нема претходно искуство во справување со кризата со која се соочува економијата поради последиците од пандемијата КОВИД-19, како нови дополнителни кадровски решенија за заокружување на составот на Управниот одбор на Комората, се избраа:

  • М-р Александар Манев, „КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ - Друштво за неживотно осигурување“ АД – Скопје,
  • М-р Јанинка Чупаркоска, „КОЖУВЧАНКА“ ДОО – Кавадарци,
  • Ламбро Патче, „ПИВАРА“ АД – Скопје,
  • M-р Марија Јосифовска Спасовска, „МАКПЕТРОЛ“ АД – Скопје, и
  • Д-р Никица Мојсоска Блажевски, „МАКЕДОНИЈА 2025“ – Скопје.

Воедно, за нов претседавач на Собранието се избра д-р Ристо Јаневски, ОКТА АД Скопје, поради избор на функцијата извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија на досегашниот претседавач, м-р Антони Пешев.

Со ваква екипираност, Стопанската комора на Северна Македонија ќе продолжи да биде конструктивна движечка сила, фокусирана на изнаоѓање решенија за економско заздравување и излез од кризата, чија реализација ќе го зацрвсти успехот на нејзините членки и на македонската економија во целина и во наредниот период.

 

Служба за информирање при Комората