СО КОРИСТЕЊЕ НА АЛАТКИТЕ ОД GOOGLE ПЛАТФОРМАТА ДО ПОДОБАР ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ
➢ Актуелно (10.06.2021, во 14:54:11)
👁 Прочитано: 224



Одржан „онлајн“-семинар на тема: „КАКО ДА СЕ ИСКОРИСТАТ АЛАТКИТЕ ОД GOOGLE ПЛАТФОРМАТА ЗА ПОУСПЕШНО ОНЛАЈН ПРИСУСТВО И ПОДОБРО ОГЛАСУВАЊЕ(GOOGLE BUSINESS MANAGER, GOOGLE TAG MANAGER, GOOGLE ADS)“
СО КОРИСТЕЊЕ НА АЛАТКИТЕ ОД GOOGLE ПЛАТФОРМАТА ДО ПОДОБАР ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ

Функционирањето на еден бизнис и работењето на маркетинг професионалците е незамисливо без употребата на современите дигитални алатки, кои особено во периодот на пандемијата се покажаа како неопходни за унапредување на работењето, особено доколку се земе предвид  дека голем дел од тие алатки се дoстапни за бесплатно користење на Google платформата.
Анализа за дигиталната подготвеност на македонските компании дека во доменот на дигитален маркетинг, компаниите претпочитаат да користат само Google Analytics.4 3% од компаниите коишто користат само Facebook не спроведуваат онлајн кампањи. Поголемиот број од микро претпријатија (SoHo) (89%) и мали и средни претпријатија (SME) (63%) самостојно спроведуваат кампањи и од ова може да се заклучи дека само мал број компании користат надворешни извори за дигитални кампањи.

Во насока на унапредување на работењето на компаниите преку користење на овие современи алатки, Стопанската комора на Северна Македонија на 10 јуни 2021 година одржа „онлајн“-семинар на тема: „КАКО ДА СЕ ИСКОРИСТАТ АЛАТКИТЕ ОД GOOGLE ПЛАТФОРМАТА ЗА ПОУСПЕШНО ОНЛАЈН ПРИСУСТВО И ПОДОБРО ОГЛАСУВАЊЕ (GOOGLE BUSINESS MANAGER, GOOGLE TAG MANAGER, GOOGLE ADS)“. 
Учесниците на семинарот имаа можност да се запознаат со најкористените алатки во маркетинг светот: Google Business Manager, Google Tag Manager и платформата за онлајн огласување – Google Ads. Во текот на семинарот освен запознавањето со трите алатки, на принципот „чекор по чекор“ беа прикажани процесите на отворање на кориснички сметки, сетирање на профилите, поставување на првите тагови во Google Tag Manager и поставување на првата огласувачка кампања на Google Ads.

Предавач на семинарот беше Оливер Новески, партнер и медија директор во независната маркетинг агенција Brand Union со долгогодишно искуство во работење со најпознатите локални и интернационални брендови присутни на нашиот пазар. Brand Union е агенција која што е Google партнер во делот за огласување.

Центарот за едукација и развој на човечки ресурси при Стопанската комора на Северна Македонија, активно ги следи светските трендови кои придонесуваат за раст и развој на компаниите, во насока на унапредување на работењето на компаниите и градење свесност за потребата од дигитализацијата на работните процеси, преку истакнување на бенефитите од користењето на современите алатки кои се неминовни за функционирање на една компанија во 21 век.

Михајло Донев
Соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување